Логиката на глобализмот (2 дел) - Ирина Медведева, Татјана ШишоваПад на квалитетот на медицинската помош во руралните и слабо развиените места
Сепак, намалувањето на бројот на жители на сите можни начини се покачува. Се подготвува (а делумно веќе и се реализира) реформа за здравствена заштита која се сведува на лишување на повеќето руски граѓани од бесплатна и квалитетна медицинска помош. Од една страна, тоа ќе ја изедначи положбата на русите со повеќето народи ширум светот - а таквото изедначување е потребно при создавање на една држава, а од друга страна полошите медицински услуги во современите руски услови неизбежно ќе доведат до драстичен пораст на смртните случаи, кои и без тоа имаат карактер на епидемија. Според оценките на некои експерти, со ваквата реформа во здравството бројот на нашите жители во иднина ќе се намали на две третини. Ќе речете, можеби тоа не е реално и дека тоа е само кревање паника? Меѓутоа постои официален текст за проект на здравствено осигурување, кој го финансира секадепостоечката Светска банка во Тверската и Калужската област. Накратко речено реформата на здравството се сведува на следново: квалификуваните лекари-специјалисти постепено ги заменуваат таканаречените „лекари со општа пракса“, кои наводно треба да владеат со 15-16 медицински специјалности. Не е тешко да се предвиди ефектот од таквиот начин на лечење. Покрај тоа, реформата предвидува и затворање на помалите породилишта во селските места, закуп на инструментите за стерилизација, лечење на пациентите со венерични болести во советувалиште за трудници (ниедна нормална жена да не појде таму и да не прими ни најпримитивна помош). Но, секако, предвидена е подготовка за „планирање на семејство“ од големи размери. Цифрите сами говорат: за две години во Тверската област се предвидува подготовка на 12 акушери - гинеколози и 1200 (!) „Специјалисти за планирање на семејството“. Односно, агентите на смртта треба да бидат сто пати повеќе одколку поборници за живот. Во рамките на овој „геноцид со хумано лице“ прекрасно се вклопува и третиот правец на реформата: во позадина на масовното осиромашување на луѓето, укинување на бесплатната медицинска помош, поскапување на лековите и стоката која реформаторите на големо ја пропагираат како „здрав начин на живот“, правилна, квалитетна исхрана, адекватен одмор, борба со стресот и сл. Божем ние ве предупредивме како треба правилно да се живее, а ако не послушале - тоа бил вашиот избор. Очигледно е дека во Калушската област се повеќе луѓе го прифаќаат овој „слободен избор“ и во 2000 година таму стапката на смрт била седум пати поголема отколку наталитетот. Најважна реформа Интересно е од глабализациска гледна точка да погледнеме и на реформата која се предлага за руското образование. Од сите гледни точки оваа реформа е потполно бессмислена. Кажете, зошто е потребно скратување на бројот на часови по руски јазик, а истовремено да се зголемува бројот на часови по англиски? Или за сметка на националната историја акцент да се става на светската историја? Или да воведувате во училиштата учебници за граѓанско законодавство во кое се идеализира некое друштво кое не одговора на нашето културно друштво, во кое главна добородетел се смета регуларното плаќање на порез, а служењето во војска - предрасуда од минатото? „Зошто воведувате дванаесет годишна едукација во денешна Русија, во која многу ученици не можеле да завршат и десетто одделение бидејќи биле принудени материјално да го помагаат семејството“ - беше едно од прашањето кое беше упатено кон министерот за образование В. М. Филопов на конференцијата за медиуми во присуство на голем број новинари. Министерот, користејќи го зборот „глобализација“ сепак одговори чесно: „Ние сме принудени да воведуваме дванаесет годишно образование, бидејќи СИТЕ ОСТАНАТИ ЗЕМЈИ ГО ВОВЕЛЕ“. Со таков одговор, и тој самиот ја стави до знаење смислата на таквиот премин вон границите на Русија, а тоа е изедначување на образованието во склад со интересите на светската држава, која сама ги создава. Англискиот јазик се воведува во прво одделение, бидејќи тоа е јазикот кој е наменет да биде главен јазик за комуникација во светската држава, а знаењето на сосптвената култура на „светските граѓани“ (да напоменеме дека така се нарекува една од образовните програми кои УНЕСКО активно ги води во разни земји) само пречи. Исто така и високото ниво на образование. Секако, во системот на тоталитарната контрола образованите и високо-интелектуални луѓе се непожелни. Еднаквост за глобалистите значи дека во афричките џунгли ќе се изградат бамбусови колиби, каде децата ќе ја изучуваат англиската граматика а во нашите училишта ќе воведат таканаречено „комплетно образование“: традиционалните училишни предмети нема да се изучуваат, туку ќе бидат заменети со „интегрални дисциплини“. Односно наместо часови по математика, физика, хемија, биологија кои на учениците им дале фундаментално познавање од тие науки, се подготвува да се воведе заеднички предмет од типот на познавање а природните науки. Таквото образование го нарекуваат „комплетно“ - исто како што авторите на реформата за здравствена заштита уверуваат дека лекарите по општа пракса ќе бидат многу покомплетни во своите 16 медицински дисциплини отколку сегашните лекари-специјалисти. Во планот на глобалната унификација е и идејата за еден завршен испит - нашите власти дури и не кријат, дека се работи за вклучување во стандардите на целиот свет. Како учениците во Калифорнија и во Вороњеж би биле тестирани по исти тестови од типот: „Избери го точниот одговор: На која држава Москва е главен град: а) Гвинеја; б) САД; в) Русија; г) Кина; д) Австралија.“ Смешни се сите разговори за тоа дека тестирањето е точно и објективно проверување на знаењето, за разлика од традиционалниот испит. Да, тестирањето е технички полесно и ја олеснува работата на оние кои ја вршат проверката. Но она што е технички по лесно не значи дека е и по квалитетно. Дали колачите произведени во фабрика се послатки од домашните? Освен тоа единствениот испит е минирање на она што е веќе раслабеано и нестабилно - а тоа е тежина за децата кон знаењето. Уште во советско време стотина монографии беа посветени за проблемот со развојот на мотивацијата (за знаење) кај учениците. Многу размислувале како да го стимулираат нивниот интерес кон образованието. Но денес, на почетокот на XXI век, кај повеќето деца нема промена во тоа тежнеење за знаење која ја имале нивните прадедовци, селските синови, кои поаѓањето на училиште го сметале за големо добро. Денес култот на знаење е заменет со потрошувачки култ. И оние малобројните, кои сакаат да читаат научно-популарни книги, врсниците полу презирно им го даваат прекарот „бубалица“. Односно, во денешни услови, мотивацијата за учење станува чисто прагматична. Во таквите услови, воведување на тестирања, го олеснува полагањето на испитите, го скратува на учениците последниот стимуланс. Подобро речено, оваа тенденција е веќе наметната, кога по уредбата No. 9 од Државниот комитет за образование од 27.12.95 год. било дозволено на приемните испити за факултет тематскиот состав да биде заменет со излагање или (ученик - првак) диктат. По ова, авторитетот на таквиот училишен предмет како што е книжевност нагло би опаднал. А националната книжевност е жива врска со историјата и со традицијата и нејзиниот впечаток на децата не може со ништо да се замени. Адвокати на процесот На неквалитетната роба секогаш е потребна засилена и префинета реклама. Не толку одамна по книжарите се појави раскошно издание на монографија од Жирновски и В. Јуровицки „Нови пари за Русија и за светот“. Ќе цитираме дел од самите автори: „Во денешно време ние живееме на крајот од Големата Хартиена цивилизација... Ние засега не можеме со сите детали да го замислиме овој свет кој настапува - светот на електонсите информации. Но факт е дека тој ќе биде принципиелно помалку различен од светот на печатените информации, отколку како што светот на печатените информации се разликува од светот во праисториската доба… тоа е неспорно... Купувачот го ставил својот палец на апаратот, компјутерот според отпечатокот на палецот го идентификувал човекот и ги превзел неопходните работи во склад со електронскиот систем.“ Се подразбира, дека авторите го претставуваат друштвото за тоталитарна контрола како свет со сеопшта благосостојба: „Прв најважен фактор од цивилизациско значење е нивниот светски карактер . Тоа ќе значи потполн крах на современиот светски финансиски систем, бидејќи ќе исчезне посебната улога на некои држави како властници на посебните национално-светски валути... Единствените пари создаваат единствен свет, свет во кој нема поделба на држави (територијални делови на Земјата), на територија на повисок, прв или трет ранг, бидејќи сите ќе имаат исти пари и секој човек, било да е од Африка или Америка, под еднакво е посакуван како плаќач или купувач зошто ги користи истите пари.“ Понатаму, доколку му веруваме на Жироновски, нас нè очекува слобода, братство и среќа. Криминалот во XXI Век ќе исчезне, бидејќи практично е „невозможно човек да се скрие“. Сите луѓе се сврзани кон банкарските сметки, нумерирани и заведени во компјутер... Кражба, грабеж и одземање на парите е сосем невозможно (за ситните риби - авт.). Невозможно е незаконски да се дојде до дрога (затоа што во тоа време ќе биде легализирана - авт.), ни оружје, ниту други социјално опасни предмети без лиценца или дозвола. Невозможно е да се избегне плаќањето порез, бидејќи порезите се земаат автоматски... Во системот на електронсите пари за човекот е невозмножно да се скрие. Било каде да оди, трагата од неговата парична сметка ќе се влечи по продавниците, хотелите и ќе доаѓа во неговата банка...Сликовито говорејќи, човекот може да шета по шума, каде што ќе посака, тој никаде нема да види знак за забрана. Таму каде што е забрането, тој, едноставно нема да може да стигне, бидејќи тоа место е заградено со висока ограда или со густа и непроодна шума.“ Шумата можеби е густа, но метафората е јасна: концентрационен логор со бодликава жица вклучена на електрична енергија. Но затоа, ги тешат читателите адвокатите на Новиот светски поредок, жителите на планетата ги чека свет без војни: „Како прво, зошто водите војни? Ако е поради земјата - па секој има право да се сели каде што сака“. Па и самото водење на војни ќе биде невозможно. „Доколку некоја земја ќе биде прогласена за агресор, автоматски ќе престанат сите финансиски врски на таа држава со светот кој ја опкружува... Во споредба со таквата блокада сите досегашни блокади ќе бидат како детска игра. Нема да може да се увезува од странство ни оружје, ниту муниција, ниту храна, едноставно ништо... А со оглед дека ќе стане невозможно да се водат војни и оружјето ќе престане да се произведува, армијата ќе се распушти и ќе преминеме во свет без војни...“ Така во концентрациониот логор ќе се воспостави вистинска идила. Но што понатаму - се игра на картата на патриотските чувства: „Русија денес повторно се наоѓа во состојба на сеопшта криза, која е опасност за нејзиното постоење. Затоа Русија е должна да ја превземе авангардната улога во новата светска парична револуција... Колку да се потсмеваат и подбиваат противниците на Русија, сепак во неа е можноста да го покаже на светот патот кон иднината... зошто нема веќе кој тоа да го направи...“ За Жириновско-Јуровитската книга не би имало потреба долго да се зборува дека се почесто и почесто се слушаат гласови дека глобализмот е зло, но неизбежно. Што да се прави? Значи, треба да се прилагодиме, или уште подобро - да го земеме во свои раце овој процес, да издејствуваме за Русија достојна улога во глобалниот свет, а би било идеално и главната улога... Така размислуваат двајцата автори кои ги цитиравме. Без врска со животот Ваквите зборови не се слушаат само во средините на прозападно ориентираните „либерали“, туку и во таканараечените „патриотски“ кругови. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, многумина немајќи мир мечтаат за нова, голема (можеби и поголема) држава. А како само го посакуват редот... Редот е неоспорливо добро нешто. И тежнеењето кон него, во нашата ситуација е многу позитивно. Но секогаш е корисно да си го поставиме прашањето - чив ред е тоа? Во име на што, во име на кого се воспоставува? Кој ја организира забавата? На таа тема рускиот философ В. Соловјов пред сто години го напишал своето познато дело за антихристот. Главниот херој од почетокот правел се добро и правилно - воспоставувал светски мир, ги хранел гладните, вложувал во културата. Но крајот на приказната е сепак тажен. Така и нам ни е корисно да се замислиме за главната идеологија на глобализацијата. Секако, ние не ги знаеме сите, туку само некои. Поголемиот дел од реализирањето на глобалистичките идеи (воведување на идентификациски броеви, реформата во образованието и здравствената заштита), кај нас ги финансира Светската банка, чиј долгогодишен претседател бил Роберт Макнамара. За време на војната со Виетнам, тој беше на должноста Министер на одбрана на САД и „стана прочуен“ по напалмот со кој ги палел виетнамските села, заедно со нивните жители. По војната, се заложувал за идејата за уништување на „поголемиот“ дел од човештвото. Бил и член на сатанската организација „Lucifer Trust“ (Верување во Луцифер), која нешто подоцна која како маска зела друго име „Lucis Trust“. Уште една важва личност е и Маргарет Зангер, основачот на Меѓународната федерација за планирање на семејството. Исто така била член на Trust, отворено проповедала фашистички погледи за селекција на луѓето според расните и социјалните карактеристики. Пропагирала разврат, вклучувајќи ги и децата, абортуси и стерилизации, објавувајќи ја на својата религија - контрацепцијата. Треба да се знае дека Руската асоцијација за „Планирање на семејството“, која ја врши должноста методски центар за намалување на наталитетот во нашата земја е филијала на Меѓународната федерација за планирање на семејството. Жак Атали, уште еден од познатите глобалисти, бил претседател на Европската банка за реконструкција и развој. Ја разработувал идејата за светска држава, нарекувајќи го таквото уредување на светот „финансиска цивилизација“. Во своите книги пропагира рушење на семејството, претворање на луѓето во робови, создавање на нација на „неономади“, кои немаат ни татковина, ниту куќи, ниту нормална поврзаности кои се карактеристични за луѓето. Во случај да победат „глобалистите“, ние ќе бидеме „инфериорни“ во светот, во кој доброто и злото си ги смениле местата. Луѓето кои ја чуваат традиционалната приврзаност и традиционлните вредности, остануваат изолирани и оптужени како „криминалци“, „фундаменталисти“, „изолационисти“ и сл. Ќе победат принципиелно „новите вредности“, кои предвидуваат потполно и секојдневна легализација на наркотиците, педофилијата, хомосексуализмот и другите развратности, вредности кои допуштаат, под изговор на евтаназијата, убиство на старите, болните и едноставно веќе непосакуваните луѓе. Вредности, за кои нормална ќе биде суровоста, садизмот и сите облици на окултистичко дејствување. Така, под маската на победата на прогресот ќе победи регресот, и враќањето на најлошите облици на незнабоштвото и чудовишното расчовечување. Всушност, тоа е главната и крајна цел на „врховните жреци“ на глобализмот: уништување на човечката цивилизација и создавање на нова, во која со човечкиот облик ќе владеат демони, „златна милијарда “ ДЕМОНОЛУЃЕ. Денешниот глобалистички проект не само што е далеку од христијанскиот универзум кој го обединува човештвото, туку е во директна спротивност со него: наместо „комплексноста на Истокот која е во процвет“ - унификација и максимална Западна примитивизација... Не толку одамна водевме разговор со еден американски полиглот. Тој говореше за тоа, дека последиците од реализацијата на глобалистичкиот проект ќе бидат застрашувачки. Дури и за нивните креатори. - Но, која е тогаш логиката што тие така се однесуваат? - прашавме ние избезумено. - Зошто го започнале сето тоа? - Не треба да бараме човечка логика во дејствувањето на сатанисти и изопачени луѓе, - ни одговори Американецот. - Тие имаат друга, своја логика, а таа е како што медицинските лица кажуваат дека „нема врска со животот“. Можеби, барем мислењето на експертот од САД малку ќе ги вразуми нашите домашни мудреци? Дури и ако некој од нас го привлекува „животот после животот“ - светот во кој ќе бидат главни клоновите и био-роботите, тие ќе треба да сватат дека за Русија не е предвидено место во тој анти свет. Ниту „достојно“, а камо ли споредно. Русија таму воопшто нема да биде. прв дел Превод: ѓакон Димитар Арсовски објавено во „Троичник“ бр. 41 |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |