Краток историјат за новогодишната прослава - ѓакон Димитар Арсовски Прославувањето на новата година како што денес се слави не е некоја новина туку потекнува уште од стариот Вавилон, а неговите почетоци се регистрирани околу 2000 години пред Христовото раѓање. Во Светото Писмо на ниту едно место не се заповеда празнување на таков празник, ниту Адам славел, ниту некој од старозаветните патријарси, ниту пак Мојсеј или некој од неговите следбеници.
Што всушност претставува славењето на нова година и од каде дошло празнувањето на еден пагански празник во православието... Беседа против абортусот - Митрополит Иларион Од сите благодатни дарови со кои Бог го дарувал човекот, несомнено, највозвишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсветото, најблагопријатното, најскапоценото и најрадосното чувство без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот. Да се љуби и да се биде љубен е голема света тајна, која единствено го осмислува и разубавува краткиот човечки век овде на земјата. Да се биде човек е прекрасно, да се биде добар човек е благочестиво, но да се биде човек што постојано блика од љубов е совршено. Тоа е она благопријатно чувство со чија благодатна...
За создавањето на светот - Св. Јован Златоуст И рече Бог, вели Писмото, нека биде светлина и биде светлина. Рече и настана, заповеда и мракот исчезна, а светлоста се јави. Ја гледаш ли несозналивата моќ? Но луѓето, предани на заблудата велат - пред тоа постоела материјата? Може ли да има поголема глупост од таквото безумие? Не ли слушаш дека Бог во почетокот ги создаде небото и земјата и како се произлегло од Оној кој создал се и упорно говориш дека претходно постоела материја. Кој разумен може да говори таква лудост? Не е човек Оној кој создал се за да му е потребна материја за неговото уметничко дело, но Бог...
За свештениците - Св. Јован Златоуст Големо е свештеничкото достоинство. Речено е: на кои ќе им ги простите гревовите ќе им бидат простени. Павле говори: Покорувајте им се на наставниците ваши и бидете послушни (Евр. 13,17). За секое нешто ти се грижиш само за твоите потреби, па дури и да не биде добро уреден твојот живот нема да одговораш за другите луѓе. А свештеникот и да му е добро уреден неговиот живот, а не се грижи за животот на другите луѓе кои му се доверени, тој заедно со порочните ќе оди во пеколот; и невин поради нговите дела ќе биде осуден на пропаст заради...
Полнотата на божествениот живот во Троица - епископ Иларион (Алфеев) За да го направат подостапно и поразбирливо учењето за Светата Троица, светите отци секогаш се служеле со аналогии и споредби. На пример Света Троица може да се спореди со Сонцето: кога ќе речеме „Сонце“ ние мислиме на небеското тело, но во исто време и на сончевата светлина и топлина. Свелината и топлината се јавуваат како самостојни „ипостаси“ кои во ниеден момент не дејствуваат одвоено од Сонцето. Исто и Сонцето не дејствува без топлината и светлината... Друга аналогија: водата, изворот и потокот: едното не може без другото...
За реинкарнацијата - отец Серафим (Роуз) Помеѓу окултните идеи за кои сега на широко се расправа, а се прифатени и од страна на оние лица кои имаат „вонтелесни“ и искуства „после смртта“, па дури и од некои научници е идејата за реинкарнација која тврди дека душата после смртта не оди најпрвин на Посебниот Суд, туку пребива во некое „астрално поле“, па се враќа на земјата, зема нов облик (ново тело), без разлика дали е тоа тело на човек или на животно.
Ваквата идеја била многу распространета на Запад уште од древните времиња која подоцна била заменета со... Кој е мојот ближен - Митрополит Методиј Соборноста како суштинска нишка на нашата вера постојано го исправа пред нас прашањето: како се однесуваме кон нашите блиски, оние чиј живот е неразделно врзан со нашиот? Во таа релација се огледува и автентичноста на нашата лична побожност. Старецот Силуан вели: мојот брат е мојот живот. Моето спасение.
Во параболата за милостивиот Самарјанин Господ ни предочува два типа на побожност. Едната, побожноста на законикот, кој иако ги знае заповедите Божји, сепак Го искушув... Зошто имаме се помалку време - архимандрит Рафаел (Карелин) Многумина велат: „Се сеќавам на онаа доба кога читавме добри книги, се дружевме, понекогаш работевме и по две смени, а сега - едноствано немам врема да ја отворам книгата, а со пријателите најчесто разговарам преку телефон“. Во што е проблемот? Дали е хронично болен самиот хронос? Мислам дека најдлабоките мисли за времето можат да се најдат кај блажениот Августин во неговата бесмртна „Исповед“. Августин таму ни укажува дека постојат два начина: внатрешно и надворешно. Надворешниот аспект на сметање се однесува на календарското време, кое поседува одредени својства...
Подвигот на Умосрдечната молитва во светот - Старец Јосиф ВатопедскиМолитвата „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме (мене) грешниот“ која во себе го содржи името на Господа и молитва на грешник кој се кае, од секогаш ги привлекувала умовите на оние кои се спасуваат. „Суштината на оваа молитва е да ја изгони секоја мисла која се појавува од срцето и воедно да не допушта да продрат гревовните помисли и желби, да го навикнеме паметот дека секогаш стоиме пред Бога Секадеприсутниот и умот - постојано да ја изговара молитвата и внимателно да ја слуша само неа наместо сите други помисли, па дури и оние кои се природни за него...
Еколошката криза низ Православна призма - ѓакон Димитар Арсовски Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата (1 Мој. 1, 1), потоа ја создаде сета видлива твар и на крајот, како круна на сета творевина го создаде Бог човекот според образот Свој (1. Мој. 1, 27). Единствено нешто по кое се разликува човекот од сите други созданија е тоа што има слободна волја и му е допуштено да прави што сака. Токму поради таа слободна волја човекот падна во грев и беше истеран од рајот, а последиците ги чувствуваме и до ден денешен.
Една од таквите последици кои се присутни денес поради огревовената човекова природа е токму... За богословскиот статус на „Теодорините митарства“ - ѓакон Андреј Кураев „Митарствата според блажена Теодора“ (немаме податоци за таква светителка) влегуваат во состав на „Житијата на свети Василиј Нови“ и претставува еден текст со сомнителна содржина и потекло. Текстот не е догматски точен бидејќи не остава простор за Божјиот суд, а целиот процес го вршат демоните, а на Христос останувасамо да ги даде медалите на победниците.
Потеклото на тоа житие не е потполно црковно и морално чисто од причина што авторот Григориј го оспорува светителството на Николај Мистик бидејќи бил вбројан во... Методи на спротивставување на секташкото делување - свештеномаченик Даниел Сисоев Неопходно е да проповедаме дека Христос е единствениот пат кон Отецот. Не се потребни разговори од типот „можно е спасение вон Црквата“. Тие се потполно неумесни. Црквата не е организација, таа не е збир на луѓе кои го примиле христовото учење, туку Црквата е телото на Спасителот. Ние во тоа веруваме, а за тоа и говори апостолот Павле велејќи: „И сè Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за Глава над сè на Црквата, која е Негово Тело - полнота на Оној, Кој исполнува сè во сè“ (Ефес. 1, 22-23). На тој начин, ако е човекот вон Црквата ...
|
Други Православни Линкови:
Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |