Логиката на глобализмот (1 дел) - Ирина Медведева, Татјана Шишова
По летната пауза, на 12 септември повторно почнува со работа Државната Дума. Денес, 80% од законите кои ги разгледува Думата ги предлага владата. Покривајќи се со громогласни патриотски фрази, кои го успиваат здравото расудување на пратениците, земјата ја вовлекуваат низ тесната врата во процес чија цел се наоѓа од другата страна на „доброто и злото“...
Во последно време, на различни трибини се почесто се слушаат зборовите „глобализам“ и „глобализација“, а наскоро дури и децата без грешка ќе ги изговараат овие термини. Може до бесконечност да се зборува дека глобализацијата е создавање на „единствено економско и информатичко пространство“, „отворено друштво“, „светски пазар“ - сите тие се само еуфемизми и облак од чад. Во реалноста се работи за создавање на светска држава со единствена влада, единствена војска, единствени закони, култура и финансии. Овој проект започнал во шеесетите и седумдесеттите години, кога меѓународните организации како што е ООН добиле голем авторитет и власт, а националниот суверенитет на земјите, нивните валути и традиционалниот начин на живот, наспроти тоа, тенденциозно почнал да слабее. При тоа, Америка како главен носител на глобалистичкиот проект, со распаѓањето на СССР немала од што да се плаши. Единствен закон за се Не веруваме дека има многумина кои ја имаат сватено правата смисла и принципите на меѓународното право над националното законодавство, кое е прифатено во Рускиот Устав од 1993 година. Во практика, тоа значи, сега, доколку руските закони дојдат во спротивност со меѓународните закони, овие другите имаат приоритет. А сега да размислиме дали меѓународните закони ги бранат националните интереси на оваа или некоја друга држава? Секако дека не, бидејќи во различни земји разбирањето на користа и на штетата се различни. На пример, Америка се уште ја нема потпишано Меѓународната конвенција за правата на децата, бидејќи тогаш би морала да се укине смртната казна за неполнолетните престапници која е на закон во некои од државите. Или на пример, на зеседанието на Пармалентот на Европскиот Совет во јуни 2000 год. беше изложен реферат „Положбата на лезбејките и хомосексуалците во државите членки на Советот на Европа“. И во руската Државна дума имаат пристигнато препораки да бидат озаконети ваквите „партнерски врски“ и да бидат ослободен од затвор лицата кои се осудени заради заведување на деца над 14 години. Думата послушно го промени прагот на одговорност за силување на малолетници и сега под судот подлегнуваат оние чија жртва е помала од 14 години. Помеѓу таквите препораки била и следната: „Прифатете ги позитивните методи за борбата со хомофобијата (негативен однос кон хомосексуалците - заб. на авт.) посебно во училиштата, здравството, вооружените сили и полицијата.“ Дијапазонот на „позитивните мерки“ е многу широк: тука спаѓа и сексуалното образование и исклучување на хомосексуализмот од поимот секспатологија, како и кривична осуда за оние кои се дразнат да ја осудат педерастијата. Доколку глобалистичката одлука за приоритет на меѓународното право остане на сила, „позитивните мерки“ во училиштата ќе доведат до основање на клубови за подршка на хомосексуалците, како во Америка, каде што членството во таквите училишни организации се нарекува друштвена работа и тоа на членовите им дава поголема предност при конкурирање на најпознатите универзитети. Вие најверојатно ќе се запрашате: „Каде е е тука суверенитетот и националната независтност? Зошто меѓународната организација нè учи како да живееме?“ Во тоа е работата, при градењето на светската држава - националниот суверенитет постепено да слабее. Погледнете како се одвива вмешувањето на разните меѓународни структури во внатрешните работи на de jure сеуште независните држави. Како само сурово се казнуваат непокорните, а како се бришат границите меѓу покорните. Како само слабее националната валута - што направија со рубљата, тоа сите го почуствувавме на своја кожа. Заеднички пари за нов свет Најважната валута на светот, доларот, за кој сите останати се врзани, воопшто и не е така стабилна како што народот верува. Се на се и во самите САД, прометот со „бакс“ се повеќе се намалува - хартиените пари воглавно таму се заменети со „пластични картички“. А сега оваа финансиска револуција дојде и кај нас. На почетокот на 2000 год. во печат се појавија информации за таканаречената „Картичка на московците“. За пробно истражување биле одвоени неколку десетици илјади долари, а вкупно за оваа цел се планира да се издвои од 1,5 до 2 милијарди долари. Природно е да се постави прашањето, кој би бил таков добротвор на нашата власт кога снема пари во готовина за најосновните потреби, стана хронична појава последните години во Русија. Како да не се работи за нешто важно. Кој е тој? Дознаваме дека тоа е холдинг компанијата „Oracle“ (т.е. оракул, пророк, жрец, оној кој претскажува). Во почетокот на 2000 год. на интернет се појави лого на овој прекуокеански спонзор - обрнатиот пентаграм (обрнете внимание, се работи за еден од главните сатанистички симболи). Подоцна логото беше тргнато... Понатаму, кога секој жител на Москва би бил снабден со „Картичка на Московците“, се планира секое плаќање да се врши само преку тие електронски картички - луѓето не треба да располагаат со готовина. На прв поглед тоа е така убаво! Не треба да се пребројуваат парите пред касата, да се проверува кусурот, да ги полниме џебовите со метал... Нема главоболка! Но замислете само: нема да има пари во готовина. На пазар неможе да се купува, ниту да се даде милостиња, ниту да почестиш „приватник“ кога некаде доцниш. Такви работи ги има многу: отсуството на „живите пари“ сериозно ја ограничува нашата слобода. - Но затоа - ќе ни се спротивстават другите - електронските пари се заштитени. Не можат да ни ги украдат. Уште како можат да бидат украдени! Колку пати е пишувано за тоа, колку пати луѓето добиваат фатаморгански сметки за телефонските разговори кои воопшто не биле водени, или биле водени, но за неспоредливо помала цена. Својата исправност мораат да ја докажуваат со години, при тоа со исклучени телефони и неизвесен исход. Бидејќи оваа шема е веќе испробана, зошто да не ја применат и на „електронскиот паричник“? А замислете само вашата електронска сметка да е блокирана. Макар тоа било случајно и по грешка. Како ќе живеете додека тоа не се среди? Ќе ги замолите пријателите за позајмица? Но тие и покрај својата голема желба нема да можат ништо да ви позајмат, бидејќи ќе немаат „живи пари“, а парите од сметката нема да можат да ви ги префрлат. Да не зборуваме за тоа дека картичката може случајно да се изгуби. Тогаш и најблискиот роднина нема да може, користејќи ја „Картичката на московците“ да ве одведе до најблискиот лекар. Или, пак, да ви помогнат да влезете во установа во која што треба да покажете лична исправа, затоа што во „Картичката на московците“ парите се само една од ставките, а вкупно се петнаесет. За пасошот и здравственото осигурување само што зборуваме, но и превозот исто така ќе мора да се плаќа без готовина. Освен тоа во неа се наоѓа и возачката дозвола, број за идентификација, социјалната карта на пензионерите, фотографија, податоци за семејната состојба, место на работа и многу други податоци за сопственикот на специјалниот московски документ. Така, практично, целиот наш живот ќе биде под контрола. Каде и да појде човекот, што и да направи, тој е сега потполно „видлив“. Се за него ќе се знае и се што е потребно ќе биде внесено во компјутер. - Нека биде така! Ние немаме што да криеме - извикуваат нашите познаници, слушајќи за проектот на московските власти. - Порезите ги плаќаме уредно, а сето останато е наш личен проблем. Грешите! Личните работи при таквата поделба ќе останат лични само во таа смисла, дека ќе бидат следени поединечно. Уредбата Н 962 предвидува создавање на „Московски емисиски центар“, каде ќе пристигнуваат информации во сите случаеви на користењето на „Картичка на московците“. При тоа се предвидува можност, па дури и задолжение на Центарот да доставува податоци за сопственикот на картичката во државните структури, а за приватните лица на „договорената база“ - за надокнада која одговара. Доколку на пример, некој посака да се информира за состојбата на вашето здравје: како кај вас стојат работите со психата или урологијата - нема проблем. И вашите семејни тајни (на пример, сте посвоиле дете) ќе може да ги дознае секој кој ќе го посака тоа. Тоа значи дека поимот личен живот ќе престане да постои. Во практика, таквата „картичка“ во суштина веќе постои, но во непотполн и недефиниран облик. Студентите веќе се навикнаа на привилегии, со тоа што со нив е поевтино од обичните поединечни картички. Сега веќе се воведува и „ученичка картичка“ за учениците. А во низа московски школи веќе е поставен автомат во кој ученикот освен што ќе ја стави картичката, туку и ја става раката. Автоматот ја идентификува неговата личност од одредените цифри и сликата од линиите на раката и така на детето ќе му се даде ужина во училишната кујна... Природно е во услови на глобализација нашите податоци да не останат само во сопственост на московските власти. Во Државната Дума веќе е применет законот „за информации на личниот карактер“, кој предвидува меѓудржавен однос за пренос на податоци од личниот живот на руските граѓани. Законот за државна евиденција на жителите, на секој од нас - од најмалите до најголемите ќе додели личен код, кој во потполност одговара на светскиот систем за идентификација на личноста. Само со аспект на конституирање, за светската држава е сватливо зошто е потребно американската фирма „Оракул“ да вложува толку гоеми средства во „Картичката на московците“, а светската банка - во системот со индитификациските картички. Глобализацијата овозможува контрола не само на границите, финансиските текови, туку и на луѓето. А што повеќе знаеш за луѓето толку по лесно управуваш со нив и не се жалат пари за поставување на контрола над целокупната огромна држава. Земјата станува приватна, веќе не е наша сопственост Но, секако не е возможно да изградите единствена држава додека земјата макар и со ослабнет суверенитет има своја територија. Територијата може да се одземе со различни средства: објавување на војна или цепење на земјата со подршка на сепаратизмот по пат на таканаречени локални конфликти. Но може да се пројде и без скапи воени конфликти. Како? На пример како што го прават тоа сега во Русија, во која за рекордно кратко време (и практично при потполна информациска блокада) се прифати 17-тата точка од Граѓанскиот закон „За право на сопственост на земјата“, а потоа и со законот за земја. Во склад со нив во најскоро време можат да бидат продадени било кои огромни територии - големината на земјата која се купува не е ограничена. При тоа правата на властниците не се ограничени. Еве што пишува во 17-тата точка од граѓанскиот закон: „Властникот на земниот посед има право да користи се според своите потреби што се наоѓа над и под површината на овој посед...“ (ст. 261 п. 3). Или понатаму: „Поставување на експлоатациони линии, далеководи, водоводни и други цефки, како и мелиорација се забранети без согласност од властникот на земјата“ (стр. 274). Така, наскоро странците (директно или преку овластени лица, што и не е толку важно) ќе бидат властници на големи територии од нашата земја. А ние, кои сме во неа родени, ќе мораме да наоѓаме патчиња како би поминале помеѓу две приватни територии. Дури и самиот поим за суверена држава при масовниот премин на властништвото на земјата на странците ќе ја изгуби својата смисла. Каков суверинитет ако полноправните сопственици на нашата земја ќе бидат во Њу Јорк, Брисел или Берлин и од таму да ни диктираат како да живееме? И што ќе им попречи на новите властници да ја израмнат земјата, на пример каде што има гробови, и на неа да изградат паркинг или терен за голф? Нај на крајот, постои и потполно законско покритие кое овозможува снабдување. Кога странскиот властник ќе посака во земјата која нему му припаѓа да не му се испорачува домашна „роба“, односно електрична енергија или гас за греење - што се тука може, бидејќи тоа е негово свето право. Веќе одамна тешко можеше да се набави од прекуморските добротвори, а сега нема да може ниту од Приморје до Чујбас... Кој ќе живее во Русија? Бројот на станари во Русија се намалува и тоа не е (како што многумина мислат) последица на реформите кои се спроведени во земјата. Како да се укине националната држава, доколку не се намали бројот на изворните жители и се деградира самиот поим татковина? Денес луѓето се ориентираат на сите можни начини кон „квалитетен живот“ - на доволно високо ниво на личната потрошувачка. Ги учат дека тоа е главното нешто во животот, неговата цел и смисла. Доколку не можеш на своето дете на му обебедиш СЕ (не само најпотребното, туку се!) подобро е да го немаш. А со оглед на повеќето наши граѓани кои и за себе не можат да си обезбедат „достоен и квалитетен“ живот, прашањето за продолжување на родот по автоматизам се оттргнува од дневниот ред. Но поради сигурноста на нашите домашни глобализатори е превземена таканаречената политика „планирање на семејството“ и се отвораат по целата земја истоимени служби. „Планирањето“ се сведува на тоа, да на секој можен начин се пропаѓираат абортуси, контрацепција, стерилизација, нетрадиционални облици на семејство (хомосексуалност) и пропаѓираат „безбеден секс“, кој обично е проследен со епидемија и венерични болести. Природно е дека сличната „политика“ многу допринесува за намалување на бројот на жители. Во училиштата под различен изговор го пробуткуваат „сексуалното образование“ кое правилно би се нарекло морално деградирање, во кое акцент се става на контрола на раѓањето и стерилизација на жената. Уште во 1996 год. во Државната Дума е направен обид да се прифати „Закон за репродуктивните права на граѓаните“ кои би овозможиле право на абортус на било која возраст, стерилизација на жената од 16 години и изопачување на децата по школите. Тогаш законот не беше прифатен и приврзаниците на „репродуктивните права“ продолжија да делуваат полулегално. Сепак, нашите странски тутори (на пр. Европската комисија за човекови права) тоа не ги задоволува. Затоа проектот закон за репродуктивните права денес повторно излегува од фиока. Со оглед дека новата Дума, благо речено, може да биде управувана, постои можност овој вид на геноцид да биде прифатен. Овде се наметнува прашањето: кој ќе живее на така голема територија, доколку исконското население биде сведено на минимум? Од гледна точка на глобалистите овде не постои проблем - секогаш можат да се населат емигранти. Тие се скромни и веќе се одвоени од своите корени, така што ќе немаат ништо против единствена светска држава. Да, но поради што емигрантите би дошле во нашата ладна земја? Нормално е, повеќето да сакаат да живеат дома, а не во туѓина. Нели токму затоа се подржуваат „локални конфликти“, чија последица се десетина милиони бегалци, кои се подготвени да бегаат од кошмарот на војната дури до крајот на светот? Војната е социјално-етнички миксер со огромна сила. Зарем милиони Кавказци би ги оставиле доброволно своите лозја, овоштарници, прекрасни куќи, планини, морето, кога во нивната татковина би можело барем некако да се живее? А кинезите, кои се послободно се шират по нашиот Сибир, кои не смеат во својата татковина да имаат повеќе од едно дете (странските кредити за реализација на „кинеското чудо“ биле давани само на семејства кои строго се придржувале кон програмата „Едно дете на едно семејство“). Затоа и патуваат во Русија. Кон крајот на 2000 год. заменик претседателот на комитетот за безбедност на Државната Дума РФ В. И. Иљухин изјави на конференцијата за медиумите за постоење на таен споразум помеѓу Кина и Русија, според кој во најскоро време руско државјанство треба да добијат 1,5 милиони кинези. Но тоа не е се. Според едно од можните сценарија креирани од ООН за наредните педесет години ние на својата територија ќе мораме да прифатиме 253 (!) милиони емигранти. Да напоменеме дека сега во нашата земја има околу 147 милиони жители. Кога и со некое чудо успееме да го запреме падот на жителите на Русија, „пристигнатата емиграција“ секако би го надминала исконското население и неговата култура. Нашата територија ќе исчезне и Русија веќе ќе ја нема. втор дел Превод: ѓакон Димитар Арсовски објавено во „Троичник“ бр. 37 |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |