Промоција на книги од Библиотеката „Свети Гаврил Лесновски“ (видео) „Промоција на книгите издадени од Библиотеката „Свети Гаврил Лесновски“ која се одржа во склоп на „Седмицата на Светото Писмо“. Промотор на книгите е архимандрит Дамаскин Лесновски.
За неправилниот однос кон духовникот -Архимандрит Рафаил (Карелин) „Сега кажете ми, кога сте отишле кај духовникот дали сте се молиле Бог преку него да ја открие Својата волја и да ви даде сила да ја исполните?“ Жената одговори: па кога тој е духовен отец тоа се подрзабира; мислам дека нема потреба да се молиме за она што е така јасно.
Духовникот рече: „Господ ја открива Својата волја преку духовникот само тогаш кога чедото е подготвено. Ако имате заборавено да се молите, тоа значи дека сте заборавиле на Бога. Како Бог вам ќе ви ја открие Својата волја? Оној кој доаѓа кај духовникот поради поврзаност, навика или досада, ќе добие одговор според своето срце... Линк до апликацијата „Триѕвон“ „Триѕвон“ мобилна апликација за Android. Апликацијата е изработена со трудот и добрата волја на Ѓоко Божинов, mobile app developer.
Освен основната опција – слушање, апликацијата е збогатена со стотина изреки од свети отци, кои се појавуваат по случаен избор со секое вклучување на програмата. Духовни закони - Старец Пајсиј Светогорец Поради тоа што некои луѓе ќе си го постават прашањето „поради што Бог допушта праведниците да бидат мачени, искушувани и клеветени, и тоа луѓе како што е на пример човекот Божји Хаџи Гергиј - кој беше една чиста душа уште од малечок?“, си помислив дека би било добро да го напишам она што го чувствувам.
Сосема е природно тоа што Божјите судови за нас се непоимливи, но по мое мислење може да биде и следнава работа: Ако Бог не би допуштил на одредени праведници да бидат клеветени, за да би можеле да останат прикриени вистинските виновници - оние кои не можат да го поднесат својот престап поради егоизмот... Илинденско послание - 2014 † СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ДО СВЕШТЕНО-СЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Нека им е вечен споменот на паднатите борци за Божјата правда и вистина — за народна и духовна слобода во Македонија! Соблазнителна заповед - Јеромонах Саватиј (Баштовој) Можеби најсоблазнителна заповед дадена нам од Христа е онаа во врска со ближниот: Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси! На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците (Мат. 38-40).
За современиот човек, мрзив и неодговорен, ова упростување (на заповедите) звучи охрабрувачки. Но за Евреите ова било соблазна. Целиот живот на евреите се состоел од вешт слалом помеѓу заповедите и правилата кои им изгледале доволни за нивно спасение... Екуменизам - Епископ Артемиј Како православниот христијанин (монах или мирјанин) треба да гледа на неправославниот човек (евреј, муслиман, римокатолик, протестант...)? Дали смее православниот да присуствува на неправославен молитвен обред и дали смее молитвено да учествува?
Во едно прашање - многу прашања, а во сите нив - едно прашање. Прашањето кое е наметнато од нашето време, време обременето со теоретски и практичен екуменизам, време кога многу вредности, морални и духовни се доведени под знак прашалник. Некогаш луѓето сакале да ја изградат Вавилонската кула, но по Божја волја се смешале јазиците... За правилниот однос кон духовникот - Епископ Варнава (Бјељаев) Момчињата и девојките кои се уште не го спознале гревот, ѓаволот најпрвин ги заведува со желбата за телесна наслада, задржувајќи го нивното внимание на „магловити“ мечти и „идеали“ги присилува да се задоволуваат со „наговестувањето“ на своите чувства, не признавајки ги, додека самото признавање во исто време ги прави посакувани и непосакувани, и кога тоа ќе почне да се доближува заљубените се оттргаат. Тие не изразуваат љубов, но на сите други начини кои изгледаат нај невино (на пример, допуштање на себе да се покаже неуслужност кон некој друг од присутните освен кон саканиот човек, со...
Идолатризација на духовникот - Митрополит Јеротеј Влахос Делото на духовникот е навистина големо. Тој ги лечи луѓето од духовните болести кои првенствено произлегуваат од духовната помраченост на умот. Кога умот е помрачен душевните енергии дејствуваат спротивно на природата, помислите се натрупуваат во душата, разумот се самообоготворува и човекот почнува да заболува од анксиозност, несигурност, смаченост и слично. Но, зарем не мислите дека таквиот „пациент“ го демне опасност од идолатризација на духовникот. Зарем не е невозможно да почне да го идолизира својот духовник...
Велигденско послание - 2014† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НАМАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ... Незнабожечка мистика - архимандрит Рафаел (Карелин) Кришнизмот е облик на незнабошство. Хиндуизмот со своите ритуали е како театар. Ако во Рим, во најголемиот театар, на сцената и кај гледачите имало огромни мермерни столбови кои воделе кон храмот на Венера, така и во индиските ритуали по храмовите имало такви столбови низ кои актерите ги следеле хоровите, а самите претстави биле проследени со музика и танц.
Ако во древна грција боговите неочекувано се јавувале на сцената за да биде одврзан трагичниот чвор на сцената, во индискиот театар воопшто не се ни појавувале. Во грчката... Ересите во последните времиња - Св. Анатолиј Оптински (Помладиот) Чедо мое, знај дека во последните денови ќе дојдат тешки времиња како што ни говори апостолот. Гледај, и во Црквата ќе се појават ереси и расколи како што имаат претскажано светите отци. Тогаш на архиерејските тронови и во манастирите нема да има луѓе кои се опитни и искусни во духовниот живот. Поради тоа ересите ќе се шират насекаде и ќе прелажат многумина. Непријателот на родот човечки ќе делува лукаво, за ако би било возможно, во ереста да ги вовлече и избраните. Тој нема веднаш грубо да ги отфрли догмите за Света Троица, боженственоста на Исус Христос...
Абортус - отец Павле Гумеров Долго сум размислувал пред да се зафатам со оваа тешка тема. Нема да го повторувам она што е веќе напишано за абортусите бидејќи сега има многу православни книги кои се напишани на оваа тема. На големо жалење, проблемот со „прекинување“ на бременоста (така медицинските лица го нарекуваат абортусот) може да ги стигне и луѓето кои ниту во своите помисли не можат да си дозволат да абортираат.
Неоспорен е фактот дека во медицинските установи кои се занимаваат со организирање на породилна помош постои и план за абортирање. Поради нешто на некого му е од... Логиката на глобализмот (1 дел) - Ирина Медведева, Татјана Шишова По летната пауза, на 12 септември повторно почнува со работа Државната Дума. Денес, 80% од законите кои ги разгледува Думата ги предлага владата. Покривајќи се со громогласни патриотски фрази, кои го успиваат здравото расудување на пратениците, земјата ја вовлекуваат низ тесната врата во процес чија цел се наоѓа од другата страна на „доброто и злото“...
Во последно време, на различни трибини се почесто се слушаат зборовите „глобализам“ и „глобализација“, а наскоро дури и децата без грешка ќе ги изговараат овие термини. Може до бесконечност да се зборува дека... Божиќно послание -2014† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева; Денес Беспочетниот влегува во времето, и Словото се воплотува... |
Други Православни Линкови:
Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |