Книгите во Светото Писмо - Св. Атанасиј ВеликиБидејќи за еретиците веќе зборувавме како за мртви, а за нас како за оние кои работат на спасување на Светото Писмо, се уште се плашам за некои помеѓу попростите, како што апостолот Павле им пишал на Коринтјаните, да не биде некој заведен од човечката итрина, па како последица на тоа да почнат да се занимаваат со други книги, таканаречените апокрифи и да бидат доведени во сомнеж и заблуда поради нивните имиња. Затоа ве молам да се стрпите, зошто пишувам поради потреба и корист на Црквата. Поради оправдување на мојата одлука, по примерот на евангелистот Лука ќе ви...
Последните времиња - Св. Нил Мироточив Од околу 1900 год., па се до средината на ХХ столетие, луѓето од таа доба ќе станат такви, што едвај ќе можат да се препознаат. Кога ќе се доближи времето на антихристовото доаѓање, човекови-от разум ќе биде помрачен со плотските страсти и ќе размислува само на бесчесни и беззаконски разврати. Светот ќе биде непрепо-знатлив, ќе се промени и човековиот изглед, заблагодарувајќи се на бессрамноста во облекувањето, со помош на чешлањето нема да можат јасно да се разликуваат машките од женските. Тие луѓе ќе бидат диви и ѕверски сурови. Нема да имаат почит кон родителите и...
Жената Хананејка - Митрополит НаумПрашање на духовен живот и духовна смрт за нас христијаните е нашата согласност и нашето содејство со Божјата промисла за нас, со Божјата волја за нас, со Божјото слово за нас, со Божјото дело за нас. За ова и порано сме говореле, дека од моментот кога од жената Хананејка смирено и со благодарност, што значи, со вистинско послушание ги прифати промислата, волјата, словото и делото Христово, таа во истиот момент ја доби и ја прими благодатта Божја и самиот Христос. Од тој момент нејзината молитва имаше друга вредност пред Господ: „И во...
Зборот „Православен“ - Св. Јован Шангајски Набрзо од кога почна да се проповеда учењето Христово на незнабошците, следбениците Христови во Антиохија почнале да се нарекуваат христијани (Дела 11, 26). Зборот „христијан“ ги означува оние кои го носат ова име кое припаѓало на Христос - а сега припаѓа во смисла на оддаденост кон Христос и кон Неговото Учење. Следбениците се нарекувале по името на својот сакан Учител и Господ; а непријателите Христови нив ги нарекувале Христијани, но со омраза у гнев кои биле упатени кон Христа. Меѓутоа, наскоро се појавиле луѓе кои се нарекувале Христијани, но не биле ниту од Христа. За таквите Христос...
Смислата на прародителскиот грев - Архиепископ Христодул Сите знаеме за прародителскиот грев, односно за непослушанието и бунтот на прародителите во рајот. Овде е неопходно да се разјаснат некои основни моменти за да се избегнат погрешните толкувања.
1.Маж и жена Во почетокот Бог ги создаде луѓето, прво мажот, а потоа и жената од неговото ребро. Во Писмото се вели машко и женско... Знам дека баба Ванѓа разговараше со демоните Касимира Стојанова во својата книга „Вистината за Ванѓа“ ги забележала нејзините зборови: Тоа не бев јас, тоа се други, кои се наоѓаат покрај мене. Баба Ванѓа, бугарска пророчица, не е кротка, добра, вредна и искрено побожна како што е претставена во серијалот Вангелина кој се емитува на првиот канал на бугарската државна телевизија, напишал Дионисиј Свечников како одговор на серијалот.
Ванѓа никогаш не имала нешто заедничко со Бог, а нејзините предвидувања немаат ништо заедничко со Божјото откровение... Кој го примил телото Христово нема да огладне во вечноста - Св. Никита Ремезијански Koлку пати и да пиеш, добиваш простување на гревовите и се опиваш во духот. Затоа и апостолот вели не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух (Ефес. 5,18). Кој се опива со вино е виновник. Кој се опива со духот, се утврдува во Христос. Благословено е пијанството кое го прави духот трезен.
Си дошол до Олтарот? Те повикува Христос и вели:сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја (Песна 1, 1). Сакаш да се соединиш со Христос? Нема ништо по мило од тоа. Сакам да ме целиваш: Гледаш дека си чист од гревот, бидејќи престапите... Задгробните маки - Митрополит Антониј (Храповитски) Уште од детството, од многу луѓе од двата пола и од различна возраст морав да слушам роптање за тоа што човечките гревови на земјата се казнуваат со вечни маки. Познатиот философ В. С. Соловјов се осудил да го каже своето мислење кога изјавил: „Вечните маки - ах, таа гнасна христијанска догма...“ И секако, кога побарале од него да го објасни тоа јавно богохулство, тој изјавил дека не рекол „гнасна“, туку „жалостна“. Тогаш, како дете, ова негово објаснување го прифатив со чисто срце, но подоцна се уверив во неискреноста на авторот, со самото негово порекнување и...
Новозаветната заповед на љубовта - протоереј Димитриј Дудко Бога треба да го сакаме со целото срце, со својата душа и со своите мисли, односно со целиот разум, а ближниот свој онолку колку што се сакаме самите себе. Бог треба да влезе во нашето срце, да ја освети нашата душа и да ја очисти, и да влезе во нашиот ум, за да би го научил на мудрост. Само осветениот, очистениот и мудриот човек може да го сака својот ближен како себе си.
Љубовта кон Бога во суштина е љубов кон себе, желба за спасение. Оној кој го сака Бога, својата љубов ја пренесува и на... Симболиката на роденденските свеќички - ѓакон Димитар Арсовски Како деца сите се радувавме кога ги дувавме роден-денските свеќи, но дали некогаш сме се запрашале зошто токму со свеќички го прославуваме нашиот роденден и од каде доаѓа таа традиција? На денот Слегување на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница се случи следниот настан како што ни сведочи апостолот Лука: Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени...
Илинденско послание - 2013† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Стојте во слободата, со која Христос нè ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем (Гал. 5, 1)... Црквата - место за обожување на човекот - Архимандрит Георгиј (Капсанис) Оние кои сакаат да заедничарат со Исус Христос, и низ Христа со Бог Отецот, знаат дека такво единство се создава преку телото Христово, кое е нашата Света Православна Црква. Единството, секако не е со Божјата суштина, туку со обожената човечка природа со Христа.
Ние не сме следбеници Христови како што некои луѓе ги следат своите учители или философи. Ние сме членови на Телото Христово - Црквата. Црквата е вистинско Тело Христово, а не етичко, како што погрешно напишале некои теолози кои биле... Прогресивните за... - ѓакон Димитар Арсовски Претходните денови беа исполнети со еден куп немили настани, односно протести, чии идеали и морални норми беа дијаметрално спротивни од Евангелието, просто човек да помисли дека живееме во самиот финиш од седмиот ден, а можеби е токму таа доба? Она што посебно ме испровоцира за овој текст е протестот во врска со законот за абортус. За оваа проблематика постојат две гледишта – за или против, трето нема. Едвај стотина души (што е незначително мал процент жители) излегоа пред собранието со пароли: „Мое тело – мој избор“ или...
Човекот - храм Божји - Светогорски монах Како што ни говори Светото Писмо, кога е направена Мојсеевата скинија и е востановено првото свештенство за богослужение, Господова волја било поради прославување на Неговото име да прати оган од небото за првото жртвопринесување, а кога Ковчегот на Заветот бил внесен во неа, светлосен облак го обиколувал храмот и славата Божја го исполнила домот Божји. По разрушувањето на Соломоновиот храм и кога евреите се вратиле од Вавилонското ропство, подигнале друг храм во Ерусалим, кој храм не бил величенствен како првиот, но пророк Агеј...
Велигденско послание - 2013† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОН- СКИ ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНО СЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН, ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ... Толкување на Великопосната молитва - Св. Лука Кримски Оваа молитва на преподобниот Ефрем Сирин се нарекува молитва на чистото срце, затоа што изникнала од совршено очистеното и свето срце и ум кој е просветлен со Божјата благодат. Светиот Ефрем Сирин го моли Бог да го избави од се што е непорочно и богонеугодно и да го удостои со добродетели.
Преподобниот Ефрем Сирин молитвата ја започнува вака:Господи и Владико на мојот живот; не давај ми дух на леност... леноста е опасен порок. Тој е мајка на многу пороци... За озборувањето - Св. Јован Лествичник Никој разумен нема да спори дека омразата и злопамтењето го раѓаат озборувањето. Затоа и во ова изложување го ставам озборувањето веднаш зад неговите родители. Озборувањето е пород на омразата. Тоа е голема болест, скриена и подмолна пијавица која ја исцицува крвта на љубовта. Озборувањето е лицемерие кон љубовта, причина за осквернување и оптеретување на совеста и уништување на чистотата.
Некои девојки грешат јавно и без срам, а други тајно вршат многу полоши нешта од претходните. Такво нешто може... Основни и второстепени гревови - Игумен Сава Псковско-Печерски Добро е ако умееш да ги разликуваш основните и второстепените гревови. Доколку не умееш, научи! Тоа е многу важно. Мораме да знаеме поради што најмногу треба да чувствуваме сокрушеност и што треба да поправаме. Еве на пример, ако сме расеани за време на молитвата, доколку во храмот на напаѓа дремка или ако сме невнимателни, ако дури и не не интересира читањето на Светото Писмо - сето тоа се случува поради маловерието и недостатокот на љубов кон Бога, или поради мрзливост и безгрижност....
Поука за втората недела од постот - Св. Климент Охридски Дојдете возљубени пријатели, браќа и сестри, странци и дојденци, возљубено и верно стадо Христово, да ви дадам уште една обична поука, пак да слушнете што е речено за светиот пост. Ете, веќе минаа две недели од постот. Овој пост е десеттиот дел од целата година. Затоа е потребно духовниот десеток чист да Му го предадеме на Бога. Како што правеа порано оние свети луѓе, кои даваа десеток не само од имотот, туку и го исполнија духовниот десеток со пост и молитви, со покајание и милостина, и нашиот Господ Бог ги прослави на небото и...
Усрдната молитва - Св. Макариј Велики Молитвата не треба да ја твориме по навика или по обичај, со молчење или коленичење, туку трезвено внимавајќи на умот, очекувајќи во секој миг да дојде Бог и да ни ја посети душата. Некогаш е потребно да молчиме (да безмолствуваме, да тихуваме), а понекогаш да призиваме, да повикуваме и да се молиме умот да ни биде утврден во Бога. Кога телото работи нешто тоа во целина е посветено на работата. Така и душата треба потполно да се посвети на молитвата и љубовта кон Господа, без расеаност во помислите; туку напротив, сите свои...
За славењето на Св. Трифун и Св. Валентин - ѓакон Димитар Арсовски Факт е дека сме во еден вид на духовно робство кое ни го наметнува западниот концепт на живеење. Речиси сите нешта се искомерцијализирани, а сето тоа не го одминало ни современиот Православен човек. Така е со ликот на Дедо Мраз, за кој многу мал процент на православни знаат дека всушност вистинскиот Дедо Мраз е светиот Николај Мирликијски, но таков е и примерот со светиот свештеномаченик Валентин епсикопот Интерамниски.
Целата таа заблуда околу ликот на овој светител се појави пред некои десетина години како една појава која ни дојде од... Суета - Св. Нил Сорски Многу будно треба да бдееме над духот на суетата, бидејќи таа скришно и истенчено се наметнува на нашите намери и на нашиот труд - преградувајќи го патот кон вистинската цел и настојувајќи да го искриви и изобличи нашето дело, така што тоа да не биде поради Бога, туку поради суета и човекоугодување. Затоа потребно е најстрого и непрестајно да се проверуваме самите себе и своите намери прашувајќи се: дали тоа го правиме поради Бога и заради наша духовна корист? На секој можен начин треба да ги одбегнуваме човечките пофалби, да ја отфрламе...
За здодевноста - Св. Амвросиј Оптински Тоа е еден од потешките духовни крстови кои им се праќаат на оние кои сакаат да се спасат, а понекогаш и оние кои не сакаат. Вашата здодевност прераснува во тешкотија која ве опкружува и не ви дозволува да ги исполните оние потерби што ги сакате. Некои радоста ја наоѓаат во смртта мислејќи дека со неа ќе се избават од многу тегоби. Но ако знаеме какво мачење ги чека од другата страна на животот оние кои нема да бидат помилувани со Милоста Божја, ние потполно ќе ги поднесеме сите тегоби - внатрешни и надворешни. Штом за секоја работа треба да се...
За ересите - Св. Игнатиј Брјначанинов Ереста претставува прикриено отфрлување на Христијанството. Кога луѓето почнале да го отфрлуваат идолопоклонството поради очигледноста на неговата апсурдност и почнале да доаѓаат до познание на Искупителот, кога сите демонски настојувања останале без резултат, непријателот на човековиот род ја пронајде ереста и со нејзина помош на оние кои го чуваат и исповедаат Христијанството, не само што им го одзел учењето, туку и го замени со богохулство...
За човекот и животните - Св. Јован Златоуст Со што се гордееш? Со што? Што си добил? Злато, сребро, драгоцени камења? Со тоа можат да се фалат и разбојниците, убијците и робовите по рудниците. Тоа значи дека маката на осудените е пофалба за тебе. Па уште и се украсуваш! И коњите можеме да ги видиме украсени; кај Персијанците камилите се прекрасно накитени; а кај луѓето - циркузантите. Не ли е тоа срамно да мислиш премногу за она што го имаш заедничко со бесловесните животни, со робовите, убијците, разбојниците? Дури се гордееш и со гласот? Но, ти никогаш не можеш да пееш...
За искушенијата на горделивците - Преподобен Исаак Сирин Душевните искушенијата кои по Божјо допуштение доаѓаат кај луѓето можеме да ги групираме вака: демонски искушенија кои ги надминуваат границите на душевните сили; одземање на мудроса која луѓето ја поседуваат, чувствување на блудни мисли во себе кои доаѓаат поради смирување на нивните страсти, желбата се да биде поставено по сопствената волја, осудување, презир, потполна заблуденост на умот, хула на Божјото име. Исто така и запоставувањето на луѓето, желбата да бидеме над сите, непрестано да празнословиме, да бараме нешто ново, како и...
„Кам-бек" на духовноста - Епископ Климент Хераклејски Веронауката не е научна дисциплина, туку духовна вредност со која се изразува љубовта на верниците кон Бога, а оттаму се наметнува прашањето колку со неа ќе се приближиме, односно ќе ја осознаеме суштината на работите?
Можеби ќе Ви звучи чудно, но мислам дека во училишниот амбиент „научниот атеизам" повеќе ја загрозува науката, отколку верата. „Па што, ако некои не поверувале? Зар нивното неверување ќе ја уништи Божјата вера? Никако!"(Рим. 3,3-4). Воведувањето на веронаука во македонските училишта ќе го... Дали сте овца - Св. Мојсеј Оптински На Ваше барање да дознаете од мене „дали сте Вие овца и дали сте од моето стадо“, со ова писмо Вам од срце Ви одговорам: ако сакате да знаете - дали сте овца, во тој случај треба да замислите вистинска овца, во нејзиниот реален облик и особини и со неа да се споредите.
Вистинската овца нема рогови, нема глас против оној кој ја пасе, не се противи, не се гневи и не каса. Не му се лути на пастирот, дури и кога ја казнува - не се одмаздува. Пастирот, пак, секогаш го слуша, секогаш со надеж му пристапува и не зами... Земи го Крстот свој - ѓакон Димитар Арсовски Пред нас е големиот Христијански празник Богојавление или кај народот познат и како Водици. Самото име кажува за суштината на овој празник, бидејќи токму на овој ден Бог им се објави на луѓето во Трите ипостаси и од овој ден започна проповедањето на Благата вест. За слабоверните или за оние кои се декларираат како интелектуалци кои само бараат некое место во Светото Писмо за да ја оспорат веродостојноста многу контрадикторна ќе им изгледа целата сторија и ќе си го постават прашањето: „Зошто Христос се крштева со покајно крштение...
За фантазијата, сликите и прелеста - Св. Григориј СинаитНајмногу од се чувај го својот ум од сите претстави кои се појавуваат за време на молитвата. Таквите слики треба да ги отфрлиме бидејќи светите отци ни заповедаат за време на молитвата да го чуваме умот од се што не е молитва за да не би западнале во прелест. Кога се молиме умот мора да ни се наоѓа во состојба на потполна вистина. Фантазирањето, колку и прекрасно и примамливо да изгледа го отргнува умот од молитвената состојба го води во прелест. Еден човек, молитвеник имал многу духовни неволји бидејќи практикувал погрешен начин на...
Словото е наша храна - отец Стефан Санџакоски Денес, возљубени мои во Христа, станавме сведоци на уште една прекрасна благовест. Ја чувме радосната вест за дијалогот што богочовекот Христос, втората ипостас Божја, молитвено ја почна со својот Отец, првата ипостас на триедниот Бог. Целиот дијалог претставува интимно, молитвено задирање во суштината на љубовниот живот на Троица и во заемните односи меѓу личностите на Отецот и Синот. Поради тоа, секој збор изговорен од устата на богочовекот Христос и упатен до Бога Отецот заслужува недремливо око и длабок егзегетски зафат. Ние ќе се...
Поучение за Рождество Христово - Св. Климент Охридски Елате браќа и чеда, внимателно послушајте, зашто ќе ви го кажам значението на денешниот ден кога се случило посетувањето и обновувањето на човековиот род, кој поради измама пострада со престанувањето на божјата заповед што му беше одамна дадена во рајот на нашиот праотец Адам.
Заради зависта отпадна од славата Божја и беше лишен од рајската храна, во гревови не породи и врагот го виде лишен од Славата Божја; соблазнувајќи ги луѓето со многу лукавства сакаше да ги одвои од Бога, со злостворство и клевета, со... За бадниковиот оган - ѓакон Димитар Арсовски Во последно време во нашите краишта се појави еден вид (условно речено) традиција која е непозната за Православието, а тоа е палењето на таканаречениот Бадников оган. Црквата како чувар на моралот и вистината во оваа традиција не гледа ништо лошо и заканувачко се до оној момент додека не се помине таа црвена линија и самата прослава помине во нешто што не доликува на секој човек, а камо ли на оној што се декларира како Православен Христијанин. Имаме малку познати историски извори за настанокот на ваквиот култ, па така моево излагање ќе...
|
ДДруги Православни Линкови:
Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |