Симболиката на роденденските свеќички
Како деца сите се радувавме кога ги дувавме роден-денските свеќи, но дали некогаш сме се запрашале зошто токму со свеќички го прославуваме нашиот роденден и од каде доаѓа таа традиција? На денот Слегување на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница се случи следниот настан како што ни сведочи апостолот Лука: Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени, и застанаа по еден над секого од нив. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. А во Ерусалим имаше Јудејци, луѓе побожни, од секаков јазик под небото. Кога се чу тој шум, се собра многу народ и сè се збрка, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот јазик. И сите се чудеа и маеја, велејќи си помеѓу себе: „Овие што зборуваат, зар не се Галилејци? (Дела 2, 1-7). Со овој настан започнува проповедта на апостолите за Христа низ целиот свет и затоа некои овој ден го нарекуваат и роденден на Црквата. Во горенаведениот стих пишува: им се јавија разделени јазици, како огнени... Тие јазици кои слегнале врз апостолите биле како пламенчиња (види на иконата на Педесетница), а пламенчињата од роденденските свеќи ги симболизираат токму овие огнени јазици (пламенчиња) кои слегнале врз апостолите.
Ова не значи дека поважен за нас православните е роденденот од имениот ден, туку го наведувам само како податок за да ја знаеме симболиката на свеќичките која е тесно поврзана со христијанството исто како и новогодишната елка и подароците под неа кои го симболизираат младенецот Христос и подароците кои Му ги донеле мудреците, како и ѕвездата на врвот од елката која ја симболизира ѕвездата која ги водела мудреците, или пак Дедо Мраз кој претставува искомерцијализиран ик на светиот Николај Мирликиски.
ѓакон Димитар Арсовски |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |