Од неверување до вера - Антониос Тенедиос Едно утро, после Светата Литургија, отидов во црковната канцеларија. Еден човек на околу педесетгодишна возраст дојде да разговараме. Не го познавав и никогаш порано го немав видено во мојата црква. Ми раскажуваше за еден четири-есетгодишен човек кој бил хоспитализиран во Пиреј, Атина. Имал тежок облик на карцином. Болеста била проширена по целото тело, па дури и на мозокот. По завршувањето на прегледот лекарите кажале дека не постои ништо што би му го спасило животот. Употребувал лекови во големи количини, но и тие не му помагале. Неговиот роднина кој дојде да ми раскаже за неговота состојба побара од мене веднаш да отидам во болницата и да го причестам.
Како што беше побарано, веднаш отидов во болницата за да ги исполнам обврските и да го причестам болниот. Штом влегов во болничката соба ми стана јасно дека пациентот се наоѓа во многу лоша состојба. Подоцна ми беше потврдено дека болеста метастазирала на мозокот и дека немало спас. Неговите денови беа одбројани. Креветот до него беше празен. Тој беше единствениот болен во собата. Во еден момент тој се разбуди од комата и ги отвори очите. Веднаш ме здогледа и со голем напор ми го раскажа следното: „Моето семејство ме доведе во болница пред 35 дена. Еден човек, некаде на околу осудесетгодишна старост лежеше во собата во која и мене ме сместија. Тој човек боледуваше од рак на коските. Имаше страшни болки. Но без разлика на тоа што многу страдаше, тој често се молеше: Слава Тебе Боже, слава Тебе! Овие зборови беа пропратени со многу други молитви. Јас бев атеист. Тогаш прв пат во животот слушнав молитва. Никогаш пред тоа немав отидено в црква. Затоа бев изненаден кога забележав дека по завршувањето на молитвите тој мирно спиеше по два – три часа. Но кога ќе се разбудеше повторно тешко дишеше од страшните болки. И тогаш повторно продолжуваше да се моли: Слава Тебе Боже!“ Јас исто така патев од големи болки, а тој, без разлика на големите болки го славеше Бога. Меѓутоа, јас во своето патење и болка хулев на името Христово и на Неговата Пресвета Мајка. Старецот благодареше на Бога што му ја дал болеста. Слушајќи го како постојано го повторува сето тоа, а и самиот страдајќи, мислев дека ме вознемирува. Освен неговите чести молитви, тој секојдневно бараше да ја прими Светата Причест А јас, често го прекорував. Му гововорев: „Замолкни, замолкни веќе! Зар не гледаш дека Бог, кој толку го славиш, те мачи со оваа сериозна болест! Каков Бог? Нема Бог!“ Старецот мирно ме сослуша и ми одговори: „Постои, дете мое, Бог навистина постои, Он е возљубениот Отец. Преку болеста која ни ја има дадено нè чисти од мноштвото гревови.“ Овој одговор на старецот повеќе ме разлутуваше и почнував одново да хулам на Бог и на ѓаволот. „Бог не постои! Јас не верувам во ништо, ниту во Бог, ниту во Неговото Царство, ниту во друг свет.“ По ваквиот разговор, старецот мирно ми одговори: „Чекај, па со своите очи ќе видеш како душата на христијанинот кој верува го напушта своето тело. Јас сум грешник, но милоста Божја ќе ме спаси. Чекај, ќе видиш и ќе поверуваш.“ Продолжуваше да го слави Бог и Пресветата Мајка Негова. Изговараше една специфична молитва во која се повторуваше „радувај се“ (од акатистот на Пресвета Богородица). Тој исто така ја пееше и химната „Достојно ест.“ Во еден миг, престана да се моли и го слушнав како вели: „Добредојде мој Ангелу – чувар! Ти благодарам што дојде да ја земеш мојата душа со ангелската војска.“ Во голем шок. Ги отворив очите и ја видов пред себе целата небесна војска. Старецот се прекрсти, ги прекрсти своите раце на градите и за последен пат издивна. Наеднаш, болничката соба беше преисполнета со брилијантна светлина, светлина која беше посветла и од Сонцето. Јас, неверник, атеист, материјалист, гледав чудо со своите очи. Потоа, преубав мирис ја исполни просторијата. Бев запрепастен од она што го видов, бидејќи во тој миг сватив дека старецот цело време бил во право. Ги повикав своите родители и им раскажав што видов и доживеав. Бев лут, бидејќи никогаш не ми имаат зборувано за постоењето на Бога. Тогаш ги повикав моите роднини и пријатели и ги замолив да дојдат и да ми зборуваат за верата, за која никогаш порано од никого немав учено. Драг отец, јас сега верувам дека Бог навистина постои. Затоа Ве молам да ме исповедате и причестите. Слава на Бога! превод: ѓакон Димитар Арсовски објавено во: „Троичник“ бр. 44 |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |