Методи на спротивставување на секташкото делување - свештеномаченик Даниел Сисоев Неопходно е да проповедаме дека Христос е единствениот пат кон Отецот. Не се потребни разговори од типот „можно е спасение вон Црквата“. Тие се потполно неумесни. Црквата не е организација, таа не е збир на луѓе кои го примиле христовото учење, туку Црквата е телото на Спасителот. Ние во тоа веруваме, а за тоа и говори апостолот Павле велејќи: „И сè Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за Глава над сè на Црквата, која е Негово Тело - полнота на Оној, Кој исполнува сè во сè“ (Ефес. 1, 22-23). На тој начин, ако е човекот вон Црквата тој е вон спасение затоа што Црквата, повторувам, не е само збир на луѓе, ниту човечко дело, туку дело на Богочовекот - Христос Спасителот. Христос има речено: „Никој не доаѓа до при Отецот освен преку Мене“ (Јов. 14,6). Тоа треба да го запамтиме и да не се предавама на размислување од типот „а што е крив човекот штоникогаш не слушнал за Христос, зарем и тој ќе биде погубен?“
Работата е во следното. Ако можеме да се спасиме вон Христа, тогаш Христос залудно умрел. Ова се Библиски зборови. Разбирате? Ова е насвистина сериозно. Ако Христос можел да го спаси човекот на друг начин крстот не би бил потребен. Крстот е крстосница на која стои христијанинот. Или едниствено преку крстот е можно спасението или Христос претставува една тотално непотребна манифестација која е несфатлива. Зошто да се сомневаме во Христа кој недвосмилено ни има кажано: „Јас Сум патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене“ (Јов. 14,6). Исто така рекол: „Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа“ (Јов. 10.8). Овде е потребно да се одречеме од желбата да се ослонуваме на човечката праведност, непходно е да запаметиме дека таквиот човек го чека осуда поради неговите дела. Бог нема да не праша: „зошто не си знаел за Христа?“, туку ќе одговараат за тоа што таквиот човек немал љубов кон Вистината како што говори светиот апостол Павле (2 Сол. 2,10). Тоа е Библиски одговор на ова прашање. Самата причината ќе ги погуби луѓето што ја немаат засакано Вистината. Човекот кој што ја засакал вистината со целата своја душа кога - тогаш ќе ја најде! Сетете се на житието на Антониј Римјанин (се слави на 16.08), кого Бог на камен го довел од Италија до Новгород, бидејќи Италија отпаднала од Православието и се споила со римокатолиците. Што повеќе од ова, кој внимателно ја чита историјата на Црквата знае многу примери кога луѓето доаѓале од далечни земји за да Му пријдат на Христа, почнувајќи од евнухот од книгата „Дела на светите апостоли“ кој дошол од Етиопија да осознае кој е Христос Спасителот. Светото Писмо говори: „Премудрост“ односно Христос. Оние што не ја бараат нема да ја најдат. Кој е крив што погинале? Самите тие. И зборуваат дека постои можност, друг начин или пат кој е непознат за нас да бидат спасени. Што значи тоа „непознат пат“? Каков друг вистински пат постои спроти Христос? Дали вие знаете некој друг пат или начин на спасение надвор од Искупувањето? Таков не постои. Дванаесеттата анатема во Неделата на Православието гласи: „Оние кои не ја примаат благодатта на искупението проповедано во Евангелието, како единствено средство за наше оправдување пред Бога - анатема!“ (текстот е извадок од предавање на отец Даниел) Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: svetosavje.org |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |