За здодевноста - Св. Амвросиј Оптински Тоа е еден од потешките духовни крстови кои им се праќаат на оние кои сакаат да се спасат, а понекогаш и оние кои не сакаат. Вашата здодевност прераснува во тешкотија која ве опкружува и не ви дозволува да ги исполните оние потерби што ги сакате. Некои радоста ја наоѓаат во смртта мислејќи дека со неа ќе се избават од многу тегоби. Но ако знаеме какво мачење ги чека од другата страна на животот оние кои нема да бидат помилувани со Милоста Божја, ние потполно ќе ги поднесеме сите тегоби - внатрешни и надворешни. Штом за секоја работа треба да се молиме на Бога „да биде вилјата Твоја“, тогаш тоа претставува дар за достигнување на вечното спасение. Ако некој во потполност не се предава на Неговата волја, туку на себе си дозволува некои привидни желби, тој постепено ќе паѓа во малодушност и нетрпеливост.
Се жалите од здодевноста и од тагата? Каква е состојбата на душата предизвикана од тие две различни состојби, а понекогаш и од две помешани. Тагата која настанува од духовна причина, апостолот ја нарекува „тага која е од Бога“. Оваа тага потекнува од гордоста и од очајанието кое ни е од врагот. Тагата пак, која настанува од световни причини е многу штетна. Таа, по зборовите на апостолот, „донесува смрт“, но не само душевна, понекогаш и телесна ако човекот се предаде напуштајки го Бога. Од световната тага произлегуваат: плотска похот, желба од очите и гордост, кои според апостолот не се од овој свет. Тие три страсти, мешајќи се, раѓаат една единствена страст и ако човекот не почне да се бори против нив ќе стане светољубив. Ваквата мешовита страст ја прави тагата се посилна, а што се однесува на духовен план, човекот не може да се задржи во смирение. Мудроста која е одозгора, најпрвин е чиста, потоа е мирна, кротка, послушна, полна со милост и со добри плодови. Оние кои за себе мислат дека се по умешни од другите луѓе, тие подлежат на осуда. Еве јас, малиот по ум, водејќи се од желба да му користам на ближниот, заборавајќи ја сопствената бескорисност, ви кажав за причините кои нанесуваат тегоби на луѓето, не заради разобличување, туку, срдечно сакајќи да им помогнам да се избават од сопствените маки и тагата која го труе нивниот живот. Сами проникнете и дознајте од што произлегува маката на вашиот дух и молејќи се за смирение пробајте да ги отстраните страстите. Навистина, потребно ни е многу трпение за да го поминеме стрмниот пат кој е демнет од опасности од двете страни - едната, која го искушува човекот со љубовта кон светот и другата - ревноста која не е разумна. Сето тоа го лишува човекот од душевниот мир, го оптеретува и го измачува. Господи помогни, заштити и помилуј! Помилуј не бидејќи сме немоќни! Непријателот кој се бори против нас е бездушник и презирач на се што е добро. Дај да не успеваат неговите сплетки. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: pouke.org |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |