Абортус - отец Павле Гумеров Долго сум размислувал пред да се зафатам со оваа тешка тема. Нема да го повторувам она што е веќе напишано за абортусите бидејќи сега има многу православни книги кои се напишани на оваа тема. На големо жалење, проблемот со „прекинување“ на бременоста (така медицинските лица го нарекуваат абортусот) може да ги стигне и луѓето кои ниту во своите помисли не можат да си дозволат да абортираат.
Неоспорен е фактот дека во медицинските установи кои се занимаваат со организирање на породилна помош постои и план за абортирање. Поради нешто на некого му е од полза да се вршат абортуси и тоа е очигледно. Ембрионот кој е наменет за козметичка терапија вреди многу пари. Не би сакал во тоа да поверувам, но некои случаеви ме тераат да поверувам во тоа.. Мојата сопруга, попадијата, чувствувајќи одредени симптоми отишла на гинеколог. Таму сакала да и биде направен тест за бременост и да ја добие неопходната помош. Но гледај, лекарката - гинеколог (мачно ми е така да ја нарекувам), уште пред да го направи тестот почнала да ја убедува жената да абортира, викајќи дека уште е млада, дека одгледувањето деца е тешко и мачно и така натаму. Се поставува прашањето: зошто се наметнува таквото мислење на млада и здрава жена која и сама сака да биде мајка и е женета? Сите гинеколози имаат студирано и сите јасно знаат дека абортусот не е едноставен зафат, туку тоа е груб продор во организмот на мајката, а шансите да остане неплодна и да нема дечиња се многу големи. Кај мене на исповед многупати доаѓале млади и неутешни жени кои ги убиле своите првенци, а веќе не можат да родат. Рекламата за безопасни абортуси е лага. Бог не може да биде излажен. Сепак во женските советувалишта ги наговараат девојќите да абортираат и им даваат медицински упат. За такви работи многумина ми имаат зборувано. Друг, уште поголем злочин е кога лекарите ги наговараат трудниците да абортираат во поодмината бременост (сировината која се добива од евие ембриони е поскапоцена). Почнуваат да зборуваат за контраиндикации, патологија и така натаму. Што треба да се прави во такви случаеви? Не треба да се плашиме и да не прифаќаме такви совети здраво за готово. Ако ви имаат поставено ваква дијагноза вложете напори да дознаето повеќе. Ќе најдете добри лекари, да речеме преку некој пријател или познаник. Или најдете пари и обратете се во приватна клиника. Но не верувајте на првиот лекар. Лекарите можат да погрешат и тоа не злонамерно. На пример фамозниот ултразвук понекогаш може и да не го одреди полот на детето. Крај краева него го користат поради неквалификованост. Понекогаш нема патологија, а идната мајка е на работ на нервен слом. Можете ли само да замислите колку е тоа штетно за плодот? Дури и ако е дијагнозата потврдена не треба да се крева паника. Многу мои познаници имаат родено повеќе деца иако имале медицински контраиндикации. Кај отец Александар Мењ еднаш дошла една жена. Лекарите ја наговарале да абортира. Тврделе дека детето ќе биде болно, ментално заостанато: Отец Александар и рекол: „Ако се роди идиот, ќе сакаш идиот“. Жената го послушала и родила здраво дете. Православните, дуру и прогнозата да е мрачна го немаат изборот: раѓаат или не раѓаат. Ако на самото пораѓање се случи најстрашното, таквата постапка Господ ќе ја прими како маченички подвиг. Мислам дека повеќе жени кои одат да абортираат не знаат што прават. Многумина се навикнати да живеат со зашеметена совест и во свет на илузии, едноставно не размислуваат за ништо бидејќи така им е поедноставно. Од друга страна лекарите чедоморството го нарекуваат вештачки прекин на бременоста, однова на менструалниот циклус и имаат уште еден куп на лажни термини. Ги прават овие работи без да го кажат вистинското име. Нема лекар кој не верува дека ембрионот не е дел од мајчиното тело. Некои од нив биле лоши студенти, но ова сите го знаат. Еднаш служев опело на дете кое беше старо три дена, На човек и на дете едвај да личеше. Тоа ме потсеќаше на оние деца (ги замислувам според филмовите) кои се уште не беа родени, кои не беа развиени и се наоѓаа во мајчината утроба. Тоа беше моето најтешко опело. Родителскиот бол немаше граници и сите мои зборови на утеха тие просто не ги слушаа. Па зошто тогаш над штотуку роденото дете плачат, а исто такво бебе кое уште не дошло на свет го нарекуваат ќелија и дел од мајчиниот организам? Мислам дека секоја жена која се одлучила на абортус треба да прочита некој медицински учебник и да го отвори на страните каде со сув и досаден јазик се опишува како се вршат абортусите, од мини абортус па се до поодмината бременост. Не сум се сметал за човек со слаби нерви, но едвај успеав да ги дочитам тие ужаси до крај. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: svetosavlje.org |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |