Симболиката на роденденските свеќички - ѓакон Димитар Арсовски Како деца сите се радувавме кога ги дувавме роден-денските свеќи, но дали некогаш сме се запрашале зошто токму со свеќички го прославуваме нашиот роденден и од каде доаѓа таа традиција? На денот Слегување на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница се случи следниот настан како што ни сведочи апостолот Лука: Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени...
Прогресивните за... - ѓакон Димитар Арсовски Претходните денови беа исполнети со еден куп немили настани, односно протести, чии идеали и морални норми беа дијаметрално спротивни од Евангелието, просто човек да помисли дека живееме во самиот финиш од седмиот ден, а можеби е токму таа доба? Она што посебно ме испровоцира за овој текст е протестот во врска со законот за абортус. За оваа проблематика постојат две гледишта – за или против, трето нема. Едвај стотина души (што е незначително мал процент жители) излегоа пред собранието со пароли: „Мое тело – мој избор“ или...
За славењето на Св. Трифун и Св. Валентин - ѓакон Димитар Арсовски Факт е дека сме во еден вид на духовно робство кое ни го наметнува западниот концепт на живеење. Речиси сите нешта се искомерцијализирани, а сето тоа не го одминало ни современиот Православен човек. Така е со ликот на Дедо Мраз, за кој многу мал процент на православни знаат дека всушност вистинскиот Дедо Мраз е светиот Николај Мирликијски, но таков е и примерот со светиот свештеномаченик Валентин епсикопот Интерамниски.
Целата таа заблуда околу ликот на овој светител се појави пред некои десетина години како една појава која ни дојде од... Земи го Крстот свој - ѓакон Димитар Арсовски Пред нас е големиот Христијански празник Богојавление или кај народот познат и како Водици. Самото име кажува за суштината на овој празник, бидејќи токму на овој ден Бог им се објави на луѓето во Трите ипостаси и од овој ден започна проповедањето на Благата вест. За слабоверните или за оние кои се декларираат како интелектуалци кои само бараат некое место во Светото Писмо за да ја оспорат веродостојноста многу контрадикторна ќе им изгледа целата сторија и ќе си го постават прашањето: „Зошто Христос се крштева со покајно крштение...
За бадниковиот оган - ѓакон Димитар Арсовски Во последно време во нашите краишта се појави еден вид (условно речено) традиција која е непозната за Православието, а тоа е палењето на таканаречениот Бадников оган. Црквата како чувар на моралот и вистината во оваа традиција не гледа ништо лошо и заканувачко се до оној момент додека не се помине таа црвена линија и самата прослава помине во нешто што не доликува на секој човек, а камо ли на оној што се декларира како Православен Христијанин. Имаме малку познати историски извори за настанокот на ваквиот култ, па така моево излагање ќе...
Краток историјат за новогодишната прослава - ѓакон Димитар Арсовски Прославувањето на новата година како што денес се слави не е некоја новина туку потекнува уште од стариот Вавилон, а неговите почетоци се регистрирани околу 2000 години пред Христовото раѓање. Во Светото Писмо на ниту едно место не се заповеда празнување на таков празник, ниту Адам славел, ниту некој од старозаветните патријарси, ниту пак Мојсеј или некој од неговите следбеници.
Што всушност претставува славењето на нова година и од каде дошло празнувањето на еден пагански празник во православието? Овој ден особено го празнувале старите... Еколошката криза низ Православна призма - ѓакон Димитар Арсовски Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата (1 Мој. 1, 1), потоа ја создаде сета видлива твар и на крајот, како круна на сета творевина го создаде Бог човекот според образот Свој (1. Мој. 1, 27). Единствено нешто по кое се разликува човекот од сите други созданија е тоа што има слободна волја и му е допуштено да прави што сака. Токму поради таа слободна волја човекот падна во грев и беше истеран од рајот, а последиците ги чувствуваме и до ден денешен.
Една од таквите последици кои се присутни денес поради огревовената човекова природа е токму... |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |