Во рамките на мисионерско-просветителната дејност при Брегалничката епархија, со благослов и посредништво на Митрополитот Брегалнички господин Иларион почна да се емитува емисијата „Православна ризница" која е од морално-поучен карактер. Правото за премиерното прикажување на емисијата останува на Канал 8 ТВ.