Суета - Св. Нил Сорски Многу будно треба да бдееме над духот на суетата, бидејќи таа скришно и истенчено се наметнува на нашите намери и на нашиот труд - преградувајќи го патот кон вистинската цел и настојувајќи да го искриви и изобличи нашето дело, така што тоа да не биде поради Бога, туку поради суета и човекоугодување. Затоа потребно е најстрого и непрестајно да се проверуваме самите себе и своите намери прашувајќи се: дали тоа го правиме поради Бога и заради наша духовна корист? На секој можен начин треба да ги одбегнуваме човечките пофалби, да ја отфрламе секоја ласкава помисла која не наговорува да правиме било што за да им угодиме на луѓето.
Ако некој, иако не сакајќи така постапува и бива победуван од суетните помисли против своја волја, тој нека ја исповеда својата помисла во молитва, смирувајќи се и понижувајќи се самиот себе; и Срцевидетелот, преку Кого е откриена нашата душа ќе не очисти и ќе ни прости. Во борбата против суетните помисли треба вака да се постапува: кога ќе почувствуваме побуда за пофалба, тогаш да се сетиме на солзите, ако ги имаме. Ако ги немаме нив, да си го претставиме нашето заминување од овој свет и славољубието ќе престане. Доколку и ова не помогне, во краен случај да се потсетиме дека кој се превознесува во овој свет, во идниот век ќе биде понижен (Св. Јован Лествичник). Кога некој ќе почне да не пофалува, ние можеме да станеме соработници на невидливиот враг и тој лено ќе ни посее мисла дека сме достојни за чест, унапредување или висока позиција. Во таквиот момент да се присетиме колку и какви прегрешенија имаме направено, или макар на само едно од нив и да си речеме: пресуди си, дали си достоен за таква чест и пофалба? Тогаш одеднаш ќе согледаш како не заслужуваш никаква пофалба, тогаш демонот ќе исчезне и нема повеќе да ти штети. Ако немаш големи или тешки гревови, тогаш помисли колку е големи и совршени се заповедите Божји и ќе видеш дека твоето подвижништво е како капка во непрегледното море. Ако на овој начин се трудиме ќе се сочуваме од суетата. А ако не бидеме трезвени се почесто ќе прибегнувамекој суетните помисли, а пак тие вкоренувајќи се ќе насадат во нас самоувереност и гордост - почетокот на секое зло. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: svetosavlje.org |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |