Соблазнителна заповед - Јеромонах Саватиј (Баштовој) Можеби најсоблазнителна заповед дадена нам од Христа е онаа во врска со ближниот: Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси! На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците (Мат. 38-40).
За современиот човек, мрзив и неодговорен, ова упростување (на заповедите) звучи охрабрувачки. Но за Евреите ова било соблазна. Целиот живот на евреите се состоел од вешт слалом помеѓу заповедите и правилата кои им изгледале доволни за нивно спасение. Ваквото упростување Христос го плати со животот. Но група верници ја прифати оваа соблазнителна философија и формираше нова религија, нов начин на гледање на светот. Поради името на оној кој ги соблазни верниците се нарекуваа „Христијани“. Да, таа беззначајна и илегална група од тоа време го имала истото име како денешните насекаде распространети христијани. Како станаа толку многу? Многумина говорат дека тоа е Божјо чудо и знак дека верата им е вистинска. Според тоа имам голем сомнеж дека навистина е така. Верувам дека причината за таквото брзо и сигурно ширење на христијанството е во соблазнителната заповед. Во замена на тоа, Христијаните денес имаат многу, можеби и не помалку од евреите, заповеди за кои сум сигурен ако уште една дојде Христос и целиот закон да го сведе само на заповед за љубовта повторно би бил убиен. Христијанството е љубов, Христијанството исто така е и болка. Христијанската љубов произлегува од болка. Што претставува оваа чудна Христова заповед ако не бол? Што всушност значи да се љуби ближниот свој? Да ми купиш хамбургер? Да му дадеш пари? Понекогаш е и тоа. Но ако болката на ближниот не може да биде олеснета со хамбургер или со пари, ако е олеснувањето вон твојата моќ? Архимандрит Софрониј (Сахаров) во писмо до една болна жена чиј осумгодишен син починал ја раскажува оваа случка: „Еднаш бев со свети Силуан на Света Гора и во близината на нашите ќелии видовме мало бродче кое беше носено од брановите. Исплашените луѓе мораа да изберат дали да чекаат невремето да престане или да дојдат до брегот. Двете опции беа еднакво опасни. Тогаш еден од монаси воздивна и рече: „Ах, колку ми е жал“. Тогаш свети Силуан му рече: „Ако тагуваш поради нив - тогаш се спасени“. Навистина, луѓето стигнаа до брегот. „Јас и понатаму верувам“ продолжи блажениот Софрониј „дека болката во која се наоѓате ќе биде исцелена, бидејќи јас тагувам за вас“. Колкумина од луѓето кои доаѓаат в Црква во недела можат да се пофалат дека го имаат овој чудотворен бол во своите срца? Мислам дека ова е единствената работа за која треба да жеднееме и да се бориме. Можеби најголамта работа која можеме да ја направиме за светот е да дојдеме до прозорот и да погледнеме кон улицата, се додека срцето ни се исполни со овој бол. Која е целта акоза тоа луѓето нема да знаат? Дури и ако не можеме да промениме некого со пвој наш бол, сепак ќе бидеме во добивка од причина што барем во тие мигови ќе се ослободиме од светот на нашето сопствено зло. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: sfaturiortodoxe.ro |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |