Последните времиња - Св. Нил Мироточив Од околу 1900 год., па се до средината на ХХ столетие, луѓето од таа доба ќе станат такви, што едвај ќе можат да се препознаат. Кога ќе се доближи времето на антихристовото доаѓање, човековиот разум ќе биде помрачен со плотските страсти и ќе размислува само на бесчесни и беззаконски разврати. Светот ќе биде непрепознатлив, ќе се промени и човековиот изглед, заблагодарувајќи се на бессрамноста во облекувањето, со помош на чешлањето нема да можат јасно да се разликуваат машките од женските. Тие луѓе ќе бидат диви и ѕверски сурови. Нема да имаат почит кон родителите и постарите, а љубовта ќе исчезне. А пастирите христи-јански, епископи и свештеници, ќе станат суетни луѓе кои совршено нема да го разликуваат десниот од левиот пат. Тогаш христијанскиот морал и преданието ќе бидат изменети. Ќе исчезне скромноста и целомудрието, а ќе се зацари блудот и распуштеноста. Лагата и среброљубието ќе ја надминат секоја мера. Со друштвото ќе господарат блудот, прељубата, мажеложништвото (хомосексуалноста), тајните дела, кражбите и убиствата.
Во тоа идно време, благодарејќи на силите на распушеноста и злочинствата, луѓето ќе бидат лишени од благодатта на Светиот Дух која ја добиле на Светото Крштение, а воедно и ќе ја загубат грижата на совеста. Црквата Божја ќе остане без богобојазливи и благочестиви пастири и тешко на оние христијани кои ќе останат во светот, кои совршено ќе ја загубат верата, бидејќи ќе бидат лишени од можноста да ја видат светлоста на спознанието. Тогаш, тие ќе се оддалечуваат од светот и ќе бараат во свештените прибежишта олеснување од душевните страдања, но секаде ќе наидуваат на препреки и тегоби. Сето тоа ќе биде последица на успехот на антихристот koj ќе успее да загосподари со сите, да стане владетел на целата вселена и ќе прави неверојатни чуда. Истоvремено, ќе му даде на несреќниот човек мудрост и такви откритија да можат луѓето да разговараат од едниот до другиот крај на светот. Тогаш луѓето ќе летаат во воздухот како птици и ќе шетаат по морските длабочини како рибите. И кога сето тоа ќе го достигнат, бедните луѓе во удобност ќе го минуваат својот живот, не знаејќи дека тоа е антихристова лага. А тој, злобниот, заблагодарувајќи се на човечката суета така ќе ја усоврши науката за луѓето да се отргнат од патот и да тргнат во неверување во постоење на Триипостасниот Бог. Тогаш Себлагиот Бог, гледајќи ја погибелта на родот човечки, ќе ги скрати дните заради оние малубројните кои се спасуваат, бидејќи антихристот ќе сака да ги соблазни. Тогаш изненадно ќе се појави Мечот на казната и ќе го убие антихристот и неговите слуѓи. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: svetosavlje.org |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |