Незнабожечка мистика - архимандрит Рафаел (Карелин) Кришнизмот е облик на незнабошство. Хиндуизмот со своите ритуали е како театар. Ако во Рим, во најголемиот театар, на сцената и кај гледачите имало огромни мермерни столбови кои воделе кон храмот на Венера, така и во индиските ритуали по храмовите имало такви столбови низ кои актерите ги следеле хоровите, а самите претстави биле проследени со музика и танц.
Ако во древна грција боговите неочекувано се јавувале на сцената за да биде одврзан трагичниот чвор на сцената, во индискиот театар воопшто не се ни појавувале. Во грчката трагедија, боговите како носители на правдата доаѓале во кругот на луѓето, што придонело трагедијата да се претвори преку „шок терапија“ во катарза. Во хинду театарот - човекот се воведува во кругот на боговите за со нив да пие од една заедничка чаша - сома. Мистиката на незнабоштвото тече во две реки: 1. расудувачка мистика - упростување; 2. емоционална мистика - опивање. Расудувачката мистика - тоа е истенчена интелектуална анализа на човечките души, која по пат на одрекување и апстракција доаѓа до заклучок дека светот е илузија. Овде почнува процесот на упростување, а тоа е ослободување на душата од инкелектуалниот товар. Упростувањето произлегува како сведување на мноштвото кон единство - кон една единица. Душата се гледа самата себе во темнина и тишина - тоа е интелектуална екстаза, карактеристична за будизмот и делумно на неоплатонизмот. Другиот вид - опивањето, гасење на свеста по пат на силно будење на чувствата и сетилата. Тие методи се разработени од древните шамани, а обично се проследени со музика, танц, а во одредени случаеви се употребуваат и наркотици. Христијанството се разликува од сите останати религии бидејќи поседува посебна боженствена сила која се нарекува благодат. Со посредништво на тие сили преку подвиг доаѓа до измена на самиот човек, се буди духот кој обично се наоѓа во заспана состојба. За тоа е неопходна борбата со страстите кои се јавуваат како насилници и поробувачи на духовните чувства. Христијанската Православна мистика - тоа е духовна мистика и затоа не и е позната егзалтацијата, екстазата, афектноста, односно на се она што припаѓа во душевното ниво. Созерцувањето на подвижникот е пропратено со мир и тишина во срцето, со посебна бистрина на умот. Општењето со светот на ангелите кое понекогаш доведува и до заборавање на видливиот свет не значи дека човекото ја губи својата личност, туку напротив, ја осознава со подлабоко чувство. Паганската екстаза води кон агресија во областа на духот. Човекот ја губи свеста, познавањето и самопознавањето, живее во непосредно чувство на својата совест, во која нема преобразување на душата, туку само распалување на чувствата. Кришнаизмот е карактеристична форма на незнабоштво. Постои видлива сличност помеѓи Кришна и Пан од грчко-римскиот свет. Зборот Пан значи „се“, односно „себог“. Овој шумски бог е насликан како демон кој свири на инструменти и го поминува своето време со нимфи, а Кришна во древните индиски приказни е претставен како темна сила. Во будистичките легенди, тој е противник на Буда и водач на демоните кој постепено се претворал од лош дух со боженствена природа во заштитник на животните. Еден морепловец во близина на некој непознат остров слушнал глас кој му заповедал да му пренесе на цезар Тивериј дека големиот Пан умрел. Таа вест била проследена со голем плач и ридање. Од оваа вест Тивериј се збунил и ги собрал сите мудреци и философи да ја разгледаат оваа вест, а ови дошле до заклучок дека Пан навистина умрел. Оваа случка која е запишана во историјата се случила во она време кога Христос ширејќи го Евангелието претстојувал во Плаестинските градови и села. Веќе поминаа две илјади години и повторно Пан се враќа само под други имиња. едно од тие имиња е Кришна; тој предлага на Христијаните наместо Крстот во рака да го земат веселиот пастирки инструмент и да го заменат Евхаристискиот Путир со пехарот на насладата. превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: pravoslavni-odgovor.com |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |