Кога иконите плачат Кога иконите плачат – нема никакви инструменти со кои би можело да се одреди светоста на чудото
„Настојателот на Богојавленската црква во село Иљинка, отецот Евгениј купил стара икона „Св. Пророци Давид и Исаија“. Кога свештеникот ја однел дома и ја избришал прашината од неа, иконата обилно почнала да мироточи – пишува П. Казмин. Не е чудно, но свештеникот не добил ново патство после тоа. Очигледно, денешните луѓе не можеш со ништо да ги восхитиш, но да им кажат дека им должат некоја плата - тоа навистина би го прифатиле како чудо...“ А. Шејкин од Рубцовск кажува: „Во еден од благочетивите домови во населбата Кулунда се случило чудо со самообновување на икона од Пресвета Богородица која во тоа семејство се чувала четириесет години. Иконата одамна била потемнета, но заблескала и ја ставиле во црква. Верниците тоа различно го толкуваат, но многумина кажуваат дека се случило нешто добро. Дали весниците можеле да го објаснат (секако не со цел да се наметне суеверие во друштвото) мислењето на авторитетниот свештеник за ова и за други чуда?“ Со поставените прашања добиени од писматата од читателите дојдов во московскиот храм „Живоначална Троица“, кај настојателот протоереј Сергеј. Отец Сергеј е од свештеничко семејство. Надвор од секое сомневање е неговото образование: како иден магистер по богословие тој предава на Московската духовна академија и Свето-Тихонскиот православен богословски институт. Според тоа нема сомнение дека неговото мислење ќе предизвика одзив на читателите. Постои христијанска Света тајна миропомазување и постои чудо – мироточење на иконите, светите мошти... Дали „мирото“ во двата случаи е исто? Сакам веднаш да ве предупредам дека тоа е погрешно мислење. На кратко ќе кажам дека Миропомазанието се врши над новокрстената личност, после неговото трикратно потопување во вода, кое е востановено уште од апостолско време. На човекот преку Миропомазанието му се предава благодатта Божја. Тајната се состои во тоа што свештеникот го помазува новокрстениот со свето миро, правејќи му го крстниот знак на разни делови на телото, а притоа ги изговора зборовите: „Печат на дарот на Светиот Дух“. Мирото за помазание се подготвува на посебен начин и се состои од голем број на состојки, ароматични масла, бело вино и разни темјани. Во нашата Црква (се мисли на Руската Православна Црква – заб. прев.) миро се подготвува на секои четири години во текот на Страстната седмица. На Велики четврток маслото се осветува во Успенската црква во Кремљ, за потоа да се испраќа по епархиите. Во храмовите мирото се чува во олтарот. Што се однесува за мироточењето на светите мошти, називот на таа течност е условна. Тоа е некој вид на проѕирна, маслена материја која се излева во текот на чудото, која секако не е исто со мирото кое се прима за време на Светата тајна Миропомазание. Дали вие лично сте биле очевидец на мироточење на икона? Во нашата црква на 23 јули 1995 година, на денот кога се слави Собор на Сибирските и Рјазанските светители почнаа да мироточат осум икони, а за неколку денови уште две. Таа појава се случуваше со различен степен на интензитет и траеше цели две години. Воодушевувачки беше тоа што помеѓу иконите кои „плачеа“ една беше метална, а другата претставуваше репродукција на хартија. Мене и сите верници длабоко не допре следнава случка. Ние ја имаме иконата „На сите тажни Радост“. На неа во полна големина е насликана Пресветата Богородица, а од лево и десно од Неа – луѓето кои се во неволја и над нив ленти со натпис „на сите болни исцеление“, „на сиромашните заштита“, „на необлечените одежда“, „на хромите од“. Таа искона исто така мироточеше, целиот Богородичен лик, целата фигура, а мирото се протегаше и на лентата каде што пишуваше „на необлечените одежда“ - само на таа лента. Тоа чудо толку делуваше на парохјаните што веќе неколку години се собира облека за оние што им е потребна. Ние ја вршиме таа работа и го предаваме собереното на децата од детските домови, луѓето кои отслужуваат затворска казна и на сиромашните верници. Тоа е главното социјално служење на парохијата кое на наша општа радост, на чудесен начин беше обележано со мироточење од одредена лента од иконата. Многу луѓе со памукче ја собираа течноста, со неа се премачкувале по болните места на телото и добивале исцеление. Сето тоа го имаме документирано и забележено. Како треба да се однесуваме кон појавата мироточење, каква е духовната смисла? Јас мироточењето го примам со страв и трепет, а така ги учам и патствата. Овде има неумесни шпекулации и хистерии. Јасно е дека тоа е таинствена појава, а неизвесно е дали тоа е добро или лошо. Можеби мироточењето ни „сигнализира“ да бидеме внимателни, настапуваат неволји и страдања. Или пак, тоа е радосен знак дека русите повторно се враќаат кон Бога, ги градат и обновуваат храмовите. Мироточењето може да има двојна смисла. Повторувам дека треба да се однесуваме внимателно. Отец Сергеј, зарем во црковниот живот немало „чуда“ за кои благоречено имаат „сомнителен“ карактер, или поточно - потполно очигледен карактер? Да, постои мислење дека Петар лично сам испраќал луѓе кои правеле „вештачки чуда“ се со цел да да се привлечат верниците. Имало некои „лажни чуда“ кои го предизвикувале царскиот гнев. Дали разбирате дека треба да направите цела една организација за тоа и кој знае уште што... Јас отворено ви кажувам: ниту духовништвото, ниту монасите просто немаат време за тоа, а пред се, не сакаат да се занимаваат со таква, ќе ми простите бесмислица, бидејќи тие се оние кои знаат што значи страв Божји. Тука постои и друга страна на оваа проблематика. Во Новодевичкиот манастир беше во подготовка снимање на историски филм. По патеките шетаа стрелци, дами во долги фустани, свештеници со крстови на градите – едноставно актерите се сожувувааа со улогите. А тогаш требаше да започне богослужбата и верниците дојдоа. Седев настрана на една клупа и набљудував дали некој од верниците ќе пријде на „свештениците“ да прими благослов? Никој не пристапи, ниту еден човек! Никој не беше измамен од надворешниот лик на „баќушките“ – толку е чувствително христијанското срце. Така е и со иконата, доколку некој се обидува да подметне „маслена капка“ – верниците ја чувствуваат измамата и никогаш нема да ѝ придат на лажната чудотворна икона со молитва. Кажете ни, дали некогаш имало обид научно да се истражува течноста која истекува од иконите или моштите? И каков бил резултатот? Јас знам само за еден таков обид – според зборовите на мојот татко свештеник, кој во педесетите години отишол на поклонение во Киево-Печерската лавра. Тој со своите очи таму има видено мироточива глава на светител која била во стаклен сад. Монасите му раскажале на татко ми дека кога советските богоборци ја затвориле лаврата, претставниците на властите биле заинтересирани за неа. Тие го извадиле мирото, го избришале садот, главата ја ставиле обратно, го запечатиле садот и го ставиле на место кое било недостапно за странците. По две недели одлучиле да видат што се случило. Тогаш виделе дека садот е речиси до пола исполнет со провидна течност. Тогаш одлучиле да ја истражуваат во научна лабораторија. Научниците дошле до ваков заклучок: „Течноста е со некакви маслени елементи кои се од непознато потекло, обични молекули...“. Друго и не би можело да биде. За Бога нема ништо невозможно. Он одлучил мирото да се создаде од ништо. А неговиот хемиски состав е обичен, овоземски. Вселенската твар е универзална, бидејќи Творецот создал една, а не две вселени со разни параметри. Друго е тајната на самиот „процес“ на мироточење, но нема, ниту пак ќе има овоземни инструменти кои ќе можат да ја одредат свестоста на оваа појава. Истата работа е и со „тајната“ на Богојавленската вода која може да стои без да се расипе со децении. На пример, мојот татко пиеше света вода од 1903 година која е сочувана апсолутна свежа, како штотуку да е наполнета од извор. Обичните луѓе сметаат дека Богојавленската вода не се расипува поради тоа што додека се врши чинот на Големиот Водосвет се употребува сребрен крст кој ги убива бактериите. Но веќе неколку години ние во нашите храмови ја осветуваме водата со дрвен крст, а таа и понатаму останува свежа и не се расипува. Мислам дека темата за светената вода заслужува посебно време бидејќи тоа е навистина чудо над чудата. Можете колку сакате да ја испитувате светената вода и водата според хемискиот состав, но од каде ѝ се тие чудни својства? Ние веруваме кога во светената вода се потопува крстот и се читаат молитви, таа добива огромна Боженствена сила која доаѓа од крстот и станува света. Нашиот велик религиозен мислител, отецот Павел Флоренски специјално го истражувал потеклото на зборот „ἁγιος“ што значи свет, и доаѓа до зборот „ινῃ“ што значи друг простор, друг живот. Ние веруваме дека Богојавленската вода, мироточењето и другите чуда сведочат дека Господ уште за време на нашиот земен живот преку посредства на чуда ни дава можност да дојдеме во допир со светоста на друго, повозвишено постоење... Сакаме да го чуеме вашето мислење за чудата со самообновувањето на иконите, па дури и на фреските на ѕидовите во храмовите...? Во нашата црковна историја е забележан голем број на слични случувања, но не се реткост и во денешните дни. Така, оваа пролет се беше обновила иконата „Раѓање Христово“ во петербуршката Богојавленска црква на Гутуевскиот остров. Потемнетата од времето, оваа икона одеднаш почна да изгледа буквално како да е реставрирана. Восхитувачки е тоа што во една иста црква почнувајки од 1992 кога беше вратена на верниците, постепено сам се обнови целиот ѕиден живопис. Случајот со „самообновувањето“ на иконите се има случено и во нашата црква пред неколку години. Старата и темна икона со речиси скоро прекриен лик одеднаш заблеска како нова. Јас кон тие појави, кои ми се чини дека се случуваат во црквите кои се обновуваат се однесувам со мирно стравопочитување. Верувам дека сето тоа е знак и пројава на Божјата милост. Во таквите случаеви се појавува аналогија со уште едно чудо за кое помалку се зборува или пишува. Одамна е забележено дека скапите облеки кои се чуваат во музеите под одредени услови побрзо се распаѓаат од оние одежди во кои архиереите и свештениците служеле во храмовите. Може да речеме дека при користењето се доеформираат, стареат, подложат на влага, но и притоа остануваат цврсти. Зошто? Затоа што во црквата непрекинато делуваат духовните сили кои имаат чудесно дејство на долговечните црковни одежди. Истото тоа се случува и со храмовите: оние во кои нема богослужби се разрушуваат 10-20 пати побрзо од оние кои се активни. Тоа е заклучок на самите специјалисти за заштита на историските споменици и култура. Отец Сергеј, вие најверојатно имате чуено за монтреалската икона која мироточи многу години. Што би можело да значи тоа? Сепак, тоа е православна икона? Православна е. Тоа е Иверската икона на Мајката Божја, за неа не знам само од публикациите. Еден наш верник кој беше во Канада се има молено пред чудотворната икона. Скоро после неговото враќање дојде во црквата видно вознемирен. Ја стави пред мене фотографијата во боја од монтреалската „Иверска“ икона и јас видов дека Богородичните очи постепено стануваат влажни и во нив се појавија капки свето миро. Притоа воздухот се исполни со префинето благоухание. Јас вака расудувам. Можеби мироточењето на „Иверската“ е знак дека канадските руси треба да се вратат во својата историска татковина! Можеби и за нас е тоаочевиден знак дека треба по енергично да ја „враќаме“ Русија самата кон себе, за храмовите да не бидат полни само на големите празници, туку народот од ден во ден да се укрепува во православната вера. превод: ѓакон Димитар Арсовски објавено во: „Троични“ бр. 47 |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |