Зборот „Православен“ - Св. Јован Шангајски Набрзо од кога почна да се проповеда учењето Христово на незнабошците, следбениците Христови во Антиохија почнале да се нарекуваат христијани (Дела 11, 26). Зборот „христијан“ ги означува оние кои го носат ова име кое припаѓало на Христос - а сега припаѓа во смисла на оддаденост кон Христос и кон Неговото Учење. Следбениците се нарекувале по името на својот сакан Учител и Господ; а непријателите Христови нив ги нарекувале Христијани, но со омраза у гнев кои биле упатени кон Христа. Меѓутоа, наскоро се појавиле луѓе кои се нарекувале Христијани, но не биле ниту од Христа. За таквите Христос рекол: Не секој што Ми вели: „Господи, Господи“, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. (Мат. 7, 21).
Христос исто така прорекол дека многумина ќе се претстават како Него: Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас сум Христос!“ и ќе прелажат мнозина. (Мат. 24, 5). Апостолите во своите посланија укажувале дека веќе се појавиле лажни носители на името Христово: Чеда, последно време е. И како што сте слушале дека ќе дојде антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; (1 Јов. 2, 18). Укажувале дека тие кои отстапиле од Христово учење не треба да ги сметаме за свои: Тие излегоа од нас, но не беа наши; (1 Јов. 2, 19). Предупредувајќи, апостолите во исто време заповедале на своите ученици да ги избегнуваат оние кои не го почитуваат вистинското учење. (2 Јов. 1, 10). Господ, преку Откровението дадено на апостолот Јован Богослов, строго ги осудува оние кои се нарекуваат верни, а не се однесуваат согласност со своето име; во таквите случаеви тоа е лага за нив. Каква корист би имал човек да се нарекува самиот себе евреин, старозаветен следбеник на вистинската вера, ако во суштина не е тоа? Светото Писмо таквите ги нарекува сатанска синагога (Откр. 2, 19). Знакот на христијанинот се состои во славењето на Небесниот Отец: Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен. (Мат. 5, 16). Вистинското славење на Бога р можно само кога човек вистински верува и ја исповедува својата вера со зборови и со дела. Според тоа, вистинското христијанство е само она кое може да се нарече „право-славие“. Со зборот „Православен“ ние ја исповедуваме нашата цврста убеденост дека нашата вера е таа која го претставува вистинското учење на Христос. Кога некого нарекуваме православен, со тоа го укажуваме на неговото не-лажно, и не-искривено Христијанство, во исто време отфрлувајќи ги оние кои лажно го призиваат името Христово. Превод: ѓакон Димитар Арсовски извор: pravoslavni-odgovor.com |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |