За создавањето на светот - Св. Јован Златоуст И рече Бог, вели Писмото, нека биде светлина и биде светлина. Рече и настана, заповеда и мракот исчезна, а светлоста се јави. Ја гледаш ли несозналивата моќ? Но луѓето, предани на заблудата велат - пред тоа постоела материјата? Може ли да има поголема глупост од таквото безумие? Не ли слушаш дека Бог во почетокот ги создаде небото и земјата и како се произлегло од Оној кој создал се и упорно говориш дека претходно постоела материја. Кој разумен може да говори таква лудост? Не е човек Оној кој создал се за да му е потребна материја за неговото уметничко дело, но Бог - Он создава со збор и со заповед. Он само рече и светлината се јави, а темнината исчезна.
Научени од Светиот Дух низ устaта на пророкот ние можеме да видеме што е создадено во првиот ден, а што потоа. И ова претставува снисходливо дело на човекољубивиот Бог. На семоќната Негова десница и безграничната мудрост не би им било тешко се да создадат во еден ден. Што зборувам - во еден ден!? Дури и во еден миг. Што може да биде нешто по бедно и побезумно од луѓето кои дрско тврдат дека целото постоење настанало само од себе и целото создание го лишуваат од Божјата промисла? Како би било можно стихиите да не се управувани од Господарот и Заповедникот на вселената? И бродот не може да плови по морските бранови без кормилар, ниту војникот не прави нешто без дозвола од својот командант, а камоли овој свет и ова устројство на стихиите да постојат сами по себе, случајно, без Оној кој ги управува сите и со Својата мудрост ги одржува? Зошто повеќе се трудиме да го објасниме тоа и да го докажеме тоа што е видливо и за слепите? Ние нема да престанеме да им го изложуваме учењето од Светото Писмо; ќе ги употребиме сите можни методи како би ги оддалечиле таквите луѓе од заблудата и би ги приближиле кон вистината. Иако тие се робови на заблудата, сепак и тие имаат иста природа како нас и поради тоа треба да се грижиме за нив и со големо внимание да правиме се што е наша должност, да им го дадеме потребниот лек за и тие да бидат здрави. На Бог ништо не му е помило од спасение на човековата душа. Поради тоа Он ја создал оваа природа, поради тоа создал се за нас - да не би не погубил или казнил, но да би не спасил и ослободил од заблуди и да ни дари среќа во Царството небесно. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: jovanzlatousti.eparhijaniska.rs |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |