За реинкарнацијата - отец Серафим (Роуз) Помеѓу окултните идеи за кои сега на широко се расправа, а се прифатени и од страна на оние лица кои имаат „вонтелесни“ и искуства „после смртта“, па дури и од некои научници е идејата за реинкарнација која тврди дека душата после смртта не оди најпрвин на Посебниот Суд, туку пребива во некое „астрално поле“, па се враќа на земјата, зема нов облик (ново тело), без разлика дали е тоа тело на човек или на животно.
Ваквата идеја била многу распространета на Запад уште од древните времиња која подоцна била заменета со Христијанството, но денес таа многу побрзо се шири благодарение на инфлуенцијата на Хиндуизмот и Будизмот каде што е општо прифатена. Во денешните дни таа идеја е хуманизирана, па луѓето по некои шеми претпоставуваат какви личности биле во претходниот живот (како што учи Будизмот и Хиндуизмот) додека некои одат до таму и веруваат дека во претходнио живот можеби биле животни, инсекти, па дури и растенија. Оние кои веруваат во оваа идеја се убедени дека тоа ги објаснува бројните неправди во земниот живот, како фобиите и физичките недостатоци се само праведна награда за претходниот живот (на пр. ако некој се роди слеп тоа е поради делата во претходниот живот, ако има фобија од вода тоа е поради смртта со давење во претходниот живот, или според Будистичкото учење тоа е последица поради „лошата карма“). Оние кој веруваат во реинкарнацијата немаат никаква темелна философија за потеклото на душата, а камо ли да имаат некаков цврст доказ за нивното исповедање. Нивните тврдења се многу површни и објаснуваат некакви психички тајни кои од страна на Христијаните не можат да бидат прифатени. При длабоко и суштинско размислување теоријата за реинкарнацијата не нуди никакво вистинско објаснување на неправдата. На пр. ако некој пати поради грешките во некој сосем друг живот за кој воопшто не може да се сети и поради кој не можа да се чувствува одговорен, па дури (според Будистите) не постои и сопствено „Јас“ кое преживува од една во друга „инкарнација“, тогаш тука воопшто нема никакво препознавање на правдата тука само слепо патење на кое причината не може да му се пронајде. Христијанското учење за Адамовиот гревопад кој е причина за секое зло, нуди многу подобро објаснување за неправдата во светот и Христијанското откровение за совршената Божја правда во Неговиот суд и со самото тоа ја прави без значајна идејата за добивање на правдата преку инкарнации во светот. Во претходните децении идејата на реинкарнацијата се здоби со голема популарност во западниот свет каде што постоеле бројни случаеви кои сугерирале „паметење од претходниот живот“ и наводно дека многу луѓе се враќале од „вонтелесни“ пространства што за нив бил доволен доказ дека постои реинкарнацијата. Што мислиме ние за таквите случаеви? Многу мал број од тие случаеви нуди доказ кој претставува едвај нешто повеќе од матно, нејасно мислење кое лесно може да биде плод на имагинацијата. Природното тежнеење на човекот за мечтаење покажува дека таквите докази се бескорисни. Во бројни случаеви тие „претходни животи“ биле откривани преку техника која во науката е позната како регресивна хипноза, која во многу случаеви давала резултати преку повикување на некои случки кои се сокриени во подсвеста, односно хипнотизерот ја враќа личноста назад до детството или во некое потполно друго време. Доктор Артур Хастингс, специјалист по психологија на комуникацијата од Калифорнија вели дека „најочогледната работа која се случува под хипноза е дека личноста е многу попустлива. Ако и речете да оди во претходниот живот, таа и да нема таков ќе го измисли!“ Но што со оние случаеви кога се објавуваат „објективни докази“ за нечиј претходен живот - кога некој се сеќава на детали, време и место за кое сам не можел да знае, а можат историски да бидат потврдени? Таквите случаеви изгледаат многу убедливи на оние кои сакаат да веруваат во реинкарнацијата, но овој вид на докази не се разликува од обичните информации кои се обезбедени од „духовите“ на сеансата. Ако духовите се всушност демони, тогаш лесно можат да се обезбедат информации од претходните животи (се мисли на животите на веќе покојни лица, заб.). Целта е да се збуни човекот со заслепувачки излагања со наизглед натприродни знаења. Раната христијанска Црква се борела со идејата за реинкарнација која во христијанскиот свет влегла преку источните учења како Манихејството. Оригеновото лажно учење за пре егзистенцијата на душата е доста слично и затоа е осудено во Петтиот вселенски собор (одржан во Константинопол во 553 год.), а следбениците на истото се анатемисани. Многу отци пишувале на оваа тема, посебно свети Амвросиј Медиолански на Запад (За верата во Воскресението, книга втора) и светиот Григориј Нисиски на Исток (За душата и Воскресението). За денешните православни христијани кои се искушувани од оваа идеја, или за оние кои се интересираат за наводните докази за реинкарнацијата доволно е да се осврнеме на три основни Христијански догми кои убедливо ја отргаат секаквата можност за реинкарнацијата. Воскресение на телото: Христос воскреснал од мртвите и е првиот (и единствен) кој сам воскреснал со своето тело. Исто и човекот ќе воскресне и ќе се придружи со душата во Царството Божјо или во пеколот во зависност од животот на земјата. Воскреснатото тело, слично на Христовото ќе се разликува од нашето земно со тоа што ќе биде слично по природата на Ангелите. На Небесата искупените ќе се познаваат еден со друг. Телото на тој начин е неотуѓив дел на целокупната личност која ќе живее вечно, а идејата дека многу тела припаѓаат на иста личност сама по себе ја отфрла природата на Царството Божјо кое Бог го припремил за сите оние кои Го љубат. Нашето спасение преку Исус Христос: Бог зел тело и низ целиот Свој живот, страдањето и смртта на Крстот не искупил нас од власта на гревот и од смртта. Низ неговата Црква ние сме спасени и ни е дадено до знаење дека самите ние ќе одговараме за своите гревови и ќе ги плаѓаме „казните“ за нашите престапи. Но спрема идејата за реинкарнацијата ако некој воопшто може да биде спасен тоа се случува после многу животи и страдања за сопствените гревови. Ова е еден вид легализација на паганските религии кои се потполно уништени со Христовата жртва на Крстот. Суд: Човечкиот живот е единствен пробен период после кој нема „друга шанса“, туку само Божји Суд (кој е праведен) за човекот кога неговиот живот ќе заврши. Во овие три учења Христијанското Откровение е прецизно одредено, во спротивност со паганските религии кои не веруваат во воскресение, ниту во искупување и кои се магловито јасни по прашањето за Судот и идниот живот. Единствен одговор на сите наводни искуства или сеќавања на „претходните животи“ е Христовото учење за природата на човечкиот живот и Божјиот однос кон него. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: pravoslavni-odgovor.com |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |