За правилниот однос кон духовникот - Епископ Варнава (Бјељаев) Момчињата и девојките кои се уште не го спознале гревот, ѓаволот најпрвин ги заведува со желбата за телесна наслада, задржувајќи го нивното внимание на „магловити“ мечти и „идеали“ги присилува да се задоволуваат со „наговестувањето“ на своите чувства, не признавајки ги, додека самото признавање во исто време ги прави посакувани и непосакувани, и кога тоа ќе почне да се доближува заљубените се оттргаат. Тие не изразуваат љубов, но на сите други начини кои изгледаат нај невино (на пример, допуштање на себе да се покаже неуслужност кон некој друг од присутните освен кон саканиот човек, со посебно внимание и претпазливост задржувајќи го погледот и раката при поздравувањето и слично) покажуваат дека дека извесен човек е симпатичен и во тоа се наоѓа прелеста. Сите овие и другите безбројни измислици на демонот постојат поради тоа да не обрнуваме внимание на телесниот чин, често поттикнувајќи и возбудувајки го суптилно и полека. Одовде е привлечноста и стравот од првиот бакнеж и слично. Нај на крајот, во спречувањето на нечистотијата делуваат и додатни причини: природната срамежливост, наговарањето од Ангелот - чувар кој го чува младиот човек од заблуда...
Со монасите кои вистински се подвизуваат и мирјаните кои искрено сакаат да се спасат демонот постапува поинаку. Тие личности не можат со ништо да бидат наговорени бидејќи тие не тежнеат кон телесните сласти, тоа и самите тие го знаат и добро го паметат бидејќи поради тоа почнале и да се подвизуваат. Како тогаш нив ќе ги возбуди и ќе ги приведе кон блуд? Ќе им вметне срамни помисли? Тоа е премногу грубо. Подвижникот, исто како и скромниот и усрден мирјанин нема доброволно да се впушти во тоа, а доколку го нападне на тој начин и ја исполни неговата душа со срамни и недолични мечтаења, со тоа само ќе му направи услуга и ќе му даде можност да здобие уште неколку нови венци (секако, во случајот оној кој се спасува, се бори и се спротивставува на блудните помисли). Така, ѓаволот делува на следниот начин. Тој, блудната страст ја претвора во „идеал“, но веќе верски кој не може лесно да се потисне и како исход го добива сето она за кое зборува Св. Јован Лествичник: изгледа како човек кој се моли, но во суштина блудничи, во духовникот го гледа својот спасител и единствена потпора во светот, додека во суштина е заинтересиран за привлекување на неговата личност. На повисоките степени на подвигот демоните во човекот предизвикуваат фантазија, претставувајќи ја како „озарување од Светиот Дух“ или „божествена љубов“ во која гореле вистинските духоносни отци и преподобни мајки. На тој начин се добива љубовта која е наречена „мистична“. Како се исполнува таа, со каква работа и со какви постапки? Да го разработиме на почеток односот на духовните керќи кон нивните духовни отци, а исто така и взаемниот однос на браќата и сестрите кои се под надзор на ист старец. На ваквата основа ќе можеме да ги разгледаме и другите случаеви. Духовното водство е голема работа. Човекот без него не може да напредува, ако воопшто и се надева на спасение. Поради тоа, неговата чистота мора да се чува како зеницата во окото, бидејќи демоните знаејќи ја вредноста ги поставуваат своите бомби и мини на таа тврдина. Да се завземе - значи да се зароби човекот. Демоните ги користат овие средства да го уништат или ослабат старечкото раководење и во даден случај да ја осквернат чистотата со најсмрдливата од сите страсти. Дека духовните чеда (во поголема мера повеќе ќерки отколку синови, макар и тие на свој начин страдаат од тие болести) дека се препуштаат на тоа искушение можеме да видиме од следната слика. Пред се, кај нив средиште на вниманието - наместо плач за сопствените гревови и свесност за својата недостојност да се вдиши воздух макар и со најнезнајниот и најгубавиот - се пренесува на радост со општење со извесни учители и на восхитување поради нивните благодатни дарови, прозорливоста и чудотворствата. Тоа уште не е духовен блуд за кој би сакал да зборувам, но патиштата кон него нѐ подготвуваат. Наскоро настапува вториот момент и демонот го пренесува вниманието на личноста на духовниот отец, а сето тоа под видот на трагање по благодатта. На ѓаволот му помага околноста дека во дадениот случај благодатта е неодвоива од личноста, бидејќи преку неа се пројавува и излева на другите. И еве - оние кои почнуваат да ја пронаоѓаат таа благодат секаде и во секој, наоѓајќи ја не се интересираат веќе за неа, туку за оној телесен орган преку кого ја добиваат. Јас не порекнувам дека целото тело е свето и благодатно, но вниманието на почетникот не треба да се задржи само на надворешноста. Така очите на прозорливите навистина се исполнети со небесен оган, но не треба гледаат во нив „бессрамно“ како што кажуваат светите, бидејќи дрскоста во дадениот случај е несватливо соединета со човечката страст. Од нивната рака при благословот, па и без него, на оние што веруваат им доаѓа благодат, но често без да приметат во каков облик. Тоа секако е грев. Ако почитуваниот учител, макар и да има висок чин, е простодушна, но духовна личност, гревот е поголем и ништо не го спречува да се развива. Така се ќе почне да му се „допаѓа“ - гласот, движењето, манирите, обраќањето. Создадената слика и личниот впечаток конечно го закриваат вистинскиот духовен отец. Оние кои не веруваат во „светоста“ на нашиот избраник почнуваме да ги мразиме, а на оној на кого му се приближува старецот му стануваме љубоморни и почнуваме да му завидуваме. Ако се појави можност да го „потиснеме“ тој човек, со сите сили ќе се трудиме да го направиме тоа, а на оние кои неодамна имаат дојдено нема да им дозволиме пристап. Ако доагајќи в црква не се сретнеме со почитуваната личност, си заминуваме, па дури на излегување и не се крстиме. Зарем благодатта исчезнала од храмот кога Христос излегол од него? Како да не се сетиме на зборовите на светиот апостол Павле: оти сите го бараат своето, а не она на Исуса Христа (Фил. 2, 21). Тажно звучи тоа - сите го бараат своето... Ним не им е до Христос, ним им е потребен оној „баќушка“ или владика... Секако, јас знам дека е многу полесно да се молите со баќушка или владика, посебно ако се продуховени. Меѓутоа, за таа леснина што се молиме со нив треба да Му заблагодариме на Христос, а не на своите чувства или опрелестената возбуда при неговото присуство. Не смее да се посака во нашата душа да биде „светло“, „удобно“ или „топло“ поради молитвата, туку нашата душа да ја почувствува сопствената недостојност пред Бог и поради свесноста за сопствените гревови да не остане никаква желба да бараме утеха и занос на земјата. Во одредени случаеви нездравите облици на однос кон духовниците примаат страшни размери и бараат од човекот сериозно обрнување на внимание на своите постапки и нивно прекинување, бидејќи Светото Писмо нѐ учи да не паѓаме во јарост при излегувањето од црквата на почитуваните духовни лица, ниту да ги гризнуваме за прст (како што се обидела да направи една од „почитувателките“ на праведниот Јован Кронштадски), ниту кинење мантија „за спомен“... Напротив, од Евангелието дизнаваме дека жените кои оделе по Христос со голема жалост, плачење и ридање го гледале Господ, но оддалеку, а кога би се приближиле единствено се допирале до неговата облека. Најмногу каде што се манифестирало најсветото покајание и треперење од страв и благодарење за своето спасение е бакнувањето на Неговите пречисти нозе или само нивното допирање, па и за тоа не се удостоиле сите, па дури и неспоредливата по љубовта кон Бога, рамноапостолната Марија Магдалена. Помеѓу околностите кои ги опкружуваат старците избрав само некои, а ако ги истражуваме тие околности кај малкумина духовни лица или едноставно за неискусните духовници што често ги гледаме во животот, мораме да пролееме многу солзи поради пропаста на човечките души кои дошле да се спасат, а наместо тоа наишле на погибел. Длабоко нека размислат за зборовите на авва Исидор, древниот египетски подвижник кој рекол: „Учениците треба да ги сакаат своите учители како татковци и да не се плашат од нив како од старешини. Ниту љубовта смее да оттргне стравот, ниту стравот смее да ја згасне љубовта“. Под страв овој свет отец не го подразбира оној кој произлегува од стравот дека духовниот отец ќе се „оддалечи“ и дека другиот или другите ќе го завземат неговото место. Што се однесува за меѓусебниот однос на духовните чеда, тие уште повеќе треба да имаат страв Божји. Затоа што си ти „сврзана“ со старецот нему ништо нема да му се случи, а и на тебе, ако е тој духоносен, не ти се заканува никаква неволја, но духовното дружење и братско - сестринските односи на младите луѓе не ти ја даваат таа гаранција. Според тоа, секој и секоја бивајќи во стеречкото духовно трло, влегува кај него со страв Божји, плашејќи се секој час од доаѓањето и казнувањето од духовниот волк. Исто така нека внимаваат дали кон својот пастир се приврзани со страв Божји и љубов кон Христос. Мораме да имаме на ум дека доживувањето на секакви „заноси“, „нервни вознемирености“ и „живост“ не припаѓаат во вистинското христијанско дејствување, туку на демонската прелест. И ако овде е вмешана личност од друг пол, тогаш тоа чувство на „духовна радост“ при молитвата е засновано на полова основа. Потребно е од сѐ да се оттргате со страв Божји и да ја контролирате секоја мисла. Ѓаволот нема да престане со обидите да ве соблазни, па колку тоа и да изгледа неверојатно. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Објавено во: „Троичник“ бр. 38 |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |