За ересите - Св. Игнатиј Брјначанинов
Ереста претставува прикриено отфрлување на Христијанството. Кога луѓето почнале да го отфрлуваат идолопоклонството поради очигледноста на неговата апсурдност и почнале да доаѓаат до познание на Искупителот, кога сите демонски настојувања останале без резултат, непријателот на човековиот род ја пронајде ереста и со нејзина помош на оние кои го чуваат и исповедаат Христијанството, не само што им го одзел учењето, туку и го замени со богохулство.
Стари ереси Што претставува аријанството? - Тоа е одрекување од Христа и Христијанството, одрекување од Бога. Ако е Синот твар како што тврдел Ариј, тогаш нема вистинитост во Трите Божји Ипостаси. Ако Синот не е Бог, тогаш нема никаква основа да тврдиме дека Бог постанал човек, ниту пак луѓето стануваат причасници во Боженствената природа (2 Пет. 1,4), тогаш нема ни спасение, ниту пак Христијанство. Секој, што го одречува Синот Го нема ни Таткото (1 Јов. 2,23). Аријанството е безбоштво и богохулство. А што претставува несторијанството? - Отфрлање на вистината дека Бог стана човек. Ако од Дева се родил обичен човек, каде е овде зачнувањето од Светиот Дух (Мат. 1,18), каде е случката за која сведочи Светото Писмо дека Словото стана тело (Јован 1, 14), каде е раѓањето на Синот Божји (Лука 1,31), каде е Христијанството? Несториј ја повторува Ариевата ерес, само под друга маска, но суштината на тие ереси е сосема иста - отфрлување на Христа, а со тоа и отпаѓање од Бога. Истото го прави Евтихиј и монотелитите: сливајќи ги во Богочовекот двете природи и двете волји во едно и тврдејќи дека човечката пророда на Христос исчезнала во Божјата како капка вино во бескрајно море, тие доаѓаат до истата цел како Несториј и Ариј, но само од друга страна: навидум го отфрлаат присуството на човековата природа во очовечениот Син Божји и се што претрпел Бог како човек, што значи дека го отфрлаат и искупувањето преку страдањата и смртта на Господ Исус Христос, а со самото тоа го отфрлуваат и Христијанството во целина. Кон ова тежнеат и иконоборците. Отфрлувајќи ја можноста Христос да се изобразува на иконите, тие посредно го отфрлуваат и доаѓањето на Синот Божји во тело. Ако Синот Божји се облекол во тело, тогаш постои можност Он да се изобрази како човек, а штом може да се изобрази, тогаш иконите мора да се почитуваат. Нови ереси Папизмот го отфрла Христа. Оваа ерес која го зафаќа западот и од која имаат потекло разни протестантски учења, му препишуваат на папата својства како на Христос, а со тоа го отфрлуваат Него. Некои западни црковни автори јавно го исповедале своето одрекување тврдејќи дека помал грев е да се одрече човек од папата отколку од Христос. Папата е идол на папистите, тој е нивното божество. Поради ваквите страшни заблуди Божјата благодат ги напуштила папистите и тие се препуштени самите на себе и на сатаната. Во таа помрачена состојба тие имаат искривено и некои догми за Света Троица, а ја имаат лишено Божествената литургија од нејзината суштина, го имаат исфрлено призивот на Светиот Дух и благословувањето на лебот и виното од кое доаѓа до претворањето на Телото и Крвта Христови. Тој важен момент бил присутен во сите Литургии кои апостолите Христови ги имаат подарено на вселената. Ниту една ерес не изразува така отворена и така безобразна гордост и суров презир кон луѓето како оваа. Протестантите се бунтовници против папските заблуди, поточно се против папската „боженственост“, но бидејќи и тие делувале во склоп на сопствените страстни побуди, тонејќи во морето на развратот, не стремејќи се кон светата Вистина зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината (Јован 3,20). Од сите папски заблуди протестантите го отфрлаат само нечестивото мислење за папата, додека останатите ги прифаќаат, а многу од нив и ги развиваат и на постарите грешки и додаваат нови. Така протестантите ги отфрлаат Светите тајни, свештенството, Литургијата, сето црковно предание, даваат право на секој нивни следбеник како сака да си го толкува Светото Писмо иако може да се толкува единствено во Светиот Дух (1 Пет. 1,21. Во ереси ги вбројуваме и оние учења кои не се догмати, ни Свети тајни, оние учења кои ги отфрлуваат Христовите заповеди и дозволуваат Христијаните да живеат потполно безбожнички, бидејќи не секој, што Ми вели: „Господи, Господи!“ ќе влезе во царството небесно (Мат. 7, 21). Верата е жива само доколку е пропратена со дела, без дела верата е мртва, а и најправилното поимање на Христијанските догмати се губат ако се живее нехристијански. Свети Атанасиј Велики ја има приметено оваа појава кај аријанците кои учествувале во идолопоклонските забави и биле слично со нив во неморалот. Во поновото време во папизмот се обновиле незнабожечките вредности: незнабожечкото чувство и вкусот на папистите се јавува во применетата уметност во култовите, во ликовното и вајарското претставување на светителите, во нивното црковно пеење и во музиката, како и во религиозната поезија. Сите нивни школи го носат печатот на сладострастието, таму нема чувство на целомудреност, благопријатност, едноставност, ниту пак чистота и духовност. Таква е нивната уметност, но тоа не е се. Во нивните песни пеат за ослободувањето на Ерусалим и за Гробот Божји, пеат за музи кои ги поврзуваат со Архангел Гаврил. Токму затоа „непогрешливите“ папи биле пример за развратност, тиранство, безбоштво и хула на се што е свето. Незнабожечкиот живот со својата трагедија и комедија, со својот танц, со отфрлањето на пристојноста, со блудот и прељубата, како и со сите други идололатриски обичаи го обнови стариот Рим под закрила на неговиот бог - папата, за оттаму да се прошири на територијата на цела Европа. По ересите и безбожниот животсите тие незнабошци кои некогаш го примиле христијанството сега го оставаат Христа враќајки се кон некогашното потполно непознавање на Бога и служење на демоните иако тоа не се случува во отворена форма како идолопоклонството. Гревот хула на Светиот Дух Која е причината за таквото дејство на ересите? Причината е тоа што овој страшен грев, кој во себе ја содржи хулата на Духот Свети потполно го оттуѓува човекот од Бога и го предава под власта на сатаната. Во таква состојба човекот не е во можност да чувствува или да постапува духовно. Напротив во него брзо се развиваат телесните страсти. Во таквиот човек има мудрост земна, душвна, демонска (Јак. 3,15). Кротост, љубов и смирение од кои и другите би имале корист нема во таквата мудрост; таа е многуглаголива и празноречива, полна со човечко и бесовско знаење. Таа дури и неможе да биде друга бидејќи излегува од еретиците кои се далеку од Божјата благодат и се наоѓа под раководство на паднатите духови. Состојбата на оттуѓеноста од Бога и помрачеиот ум отсекогаш биле карактеристика за еретиците, особено за нивните ересијарси. Тие обично биле под власт на одредени страсти. На пример Евтихиј бил користољубив, кој и покрај заветот на сиромаштво собрал голема сума на пари. Аполинариј и на стари години имал наложница. Ариј имал напишано едно дело до Талија (не е сочувано, но е познато) во кое се изразува со бессрамни зборови и разврат. Тој спис почнале да го читаат Отците од Никејскиот собор, но поради бессрамноста во изразувањето престанале, го фрлиле и запалиле. Такви се делата и на новите еретици: полни со хула, дрскост, лага и разврат. На обичниот човек ни на крај памет не би му дошло да го напише она што го изговориле и напишале ересијарсите. Воглавно сите еретички дела се напишани под влијание на злите духови и содржат морален отров со кој ја убиваат душата. Нивните догматски книги содржат лажни догми и хулат на догмите дадени од Светиот Дух; нивните книги за подвижништво иако зборуваат за духовната состојба во суштина не се ништо друго освен демонска прелест која за светот не е очевидна; нивните писатели кои се занимаваат со моралните прашања изложуваат сваќања кои се својствени на стариот Адам, додека Христијанското учење не им е достапно за нивните умови и срца; романите, комедиите и другите пишани дела се очигледно огревовени и се плодови на ересите (да се потсетиме само на Фенелоновиот „Телемах“). Читањето на таквите книги е крајно штетно, иако само неискусното око може да го почувствува отровот само во некои од нив, додека во повеќето е прикриен. Неприметноста на отровот не ја смалува неговата јачина, туку напротив, нивната разорна моќ е најсилна. Читањето на догматските или подвижничките книги неретко ги предизвикува блудните помисли, додека романите нанесуваат разни сомнежи и недоумици во врска со верата. Нечистите духови и гревот се сродни помеѓу себе; оној кој доброволно ќе се потчини на некој грев по неопходност ќе се потчини и на друг. Искуството покажува дека ереста и безбоштвото го прифаќаат луѓе кои живееле развратен живот. Почетното дејство во сите еретички книги се состои во будење на сомнежот кон верата. „Чувај се да не читаш еретички догми, бидејќи тоа го наоружува духот на хулата против тебе“ - нè советува Свети Исак Сирин. Делуваат ли на некој хулни помисли? Дали нешто те поколебало во поверението кон Православната Црква, која е една и единствена Христова Црква? Дали некој е станал „универзален“ христијан по свое убедување, или поточно поради своето непотполно познавање на Христијанството не припаѓа на ниту една од нив? Знај дека во таква состојба дошол читајки еретички книги или разговарајќи со луѓе кои се заразиле со такви книги. Луѓето кои ги совладало сладострастието радо би читале еретички книги за христијанското подвижништво, додека Православните книги ги отфрлаат. Зошто се случува тоа? Причината за оваа појава ја гледаме во сродноста на духот. Ваквите луѓе наоѓаат наслада во читањето на книги кои се напишани во состојба на прелест, кои зачнуваат сладострастие, високоумие - а во нивните умови, во кои не е расчистено учењето за Христа го претставуваат како благодатно. Православните книги повикуваат на покајание, на отфрлање на гревовниот живот, на само пожртвување, самоосуда и смирение. Идолопоклонството и сите видови на јавно одрекување на Бога можеме да ги споредиме со нескриен отров, а од таквиот отров можеме лесно да се сочуваме. Меѓутоа ереста ќе ја споредиме со храна која изгледа прекрасно, но е отровна: од таквиот отров тешко е да сочуваме бидејќи е сокриен, камуфлиран, како и од прекрасниот мирис и изглед на храната која предизвикува природна желба за заситување и уживање во неа. Ереста секогаш е лицемерна, многуглаголива, слаткоречива, украсена со човечка ученост и затоа лесно ги привлекува луѓето кон погибел. Неспоредливо поголем број луѓе се предадени на вечна смрт поради ересите отколку од непосредно одрекување од Христа. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Објавено во: „Троичник“ бр. 34 |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |