Живот, поуки и пророштва на старец Амвросиј Лазарис Старец Амвросиј Лазарис беше духовник на манастирот Богородица Гавриотиса кај гладот Амфиклиа во Грција, кој се наоѓа на 800 метри надморска височина. Старецот Амвросиј беше човек кој секогаш ја држеше запалена лампата на духониот живот и ги осветлуваше хоризонтите на светот.
Роден е на 21 декември 1912 год. во местото Лазарата на Лефкада. Роден во големо семјство со пет деца, а светотвното име му беше Спиридон. Неговиот татко војувал храбро и одлучно во Балканските војни, додека неговата мајка била тивка и мирна жена кон која тој бил многу приврзан. Условите за живот биле тешки, гладот мачел многу семејства, така и нему му биле скратени многу работи поради сиромаштијата. Бил приморан рано да го напушти образованието за да помага на семејството работејќи по туѓите имоти во селото. Благодарение на својата мајка ја засакал Црквата и Господ Исус Христос, па рано покажал интерес за верата, притоа посетувајќи ги храмовите и оддалечените црквички. Својата убавина, сила и младост доброволно ја предал на Христа, бидејќи го интересирало богатството на душата и верата во живиот збор Божји. По завршувањето на воениот рок отишол на Света Гора, каде што семејството го посетувало, а тој им помагал со своите молитви, бидејќи материјалните добра не го интересирале. По совет на омилениот пријател, старецот (сега светител, заб. прев.) Порфириј Кавсокаливит, ја напуштил Света Гора и отишол во манастирот Богородица Гавриотиса. Ракоположен е од страна на тогашниот митрополит во чин иероѓакон и го добил името Амвросиј. Со тек на времето станува и архимандрит. Од 1954 год. бил духовник на манастирот, таму живеел, се молел и помагал на луѓето кои доаѓале за совет или за решение на своите проблеми. Поради добродетелниот живот, Бог му подарил обилни дарови со кои упатил многу души кон Господа, се борел против гревовите и сакал да им помага на другите. Живеел во покајание, како во единствен и сигурен пат кој води кон рајот и ги гушка напатените души. Го добил дарот на Исусовата молитва која спонтано излегувала од срцето, како и пророчкиот дар и дарот на љубовта и мудроста. Говореше: „Гледаме колку страдаат луѓето денес, затоа треба смирено и многупати на ден да говориме: Пресвета Богородице наша, дојди и спаси нè бидејќи пропаѓаме, дојди, ти си сила Божја. Знаеме дека Богородица, кога го повикуваме Нејзиното свето име со искрена вера, од срце и од душа, нема да нè остави, ќе биде до крајот тука, во овој напатен свет.“ Старецот посебен акцент ставал на Светата тајна покајание, која според неговите зборови е Тајна на Божјата милост кон луѓето и затоа треба на духовникот се да му кажеме, зошто слободата која ја добиваме од Светиот Дух за време на откривање на помислите е огромна. Беше толку омилен, што секојдневно кај него доаѓаа луѓе. Исто така, имаше љубов и почитување кон светителите, па поради тоа се има удостоено со посета од многу светители: Светите бессребреници, Св. Јован Претеча, Свети Амвросиј, Свети Харитон, Свети Лука, Свети Андреј, Свети Герасим, Свети Тит, Свети Пантелејмон, Свети Нектариј и други. Нагласуваше дека треба да научиме да ја извршуваме Божјата волја наместо својата, бидејќи така стануваме слободни без разлика на што ќе се случи, и светот да се руши ќе бидеме смирени, бидејќи ниту една радост или тешкотија, ниту проблем нема да бидат наши, туку ќе ги препуштиме на Бог кој управува со животот и смртта, а не ние, што старецот Амвросиј го покажа и докажа со својот живот. Верниот народ кој имал потреба од Божја помош, можел да ја добие преку овој, ќе го наречеме ангел на земјата и сличните на него старци Пајсиј, Порфириј, Јаков Циликис итн. Негов омилен пријател беше старец Порфириј, а обајцата имаа смирение, љубов и покајание. Не е случајно што се имаат упокоено во исти ден, на втори декември, едниот во 1991, а гругиот во 2006 год. Јасно е дека таква беше Божјата волја. Пророштва и поуки на старец Амвросиј - Старецот говореше дека крајот на светот ќе трае кратко, неколку минути, и додека ќе ни се суди ангелите ќе пеат псалми на небесата. Луѓето кои ќе бидат затечени живи во тој миг, моментално ќе доживеат смрт и веднаш ќе воскреснат. Сите ќе бидеме во тела кои нема да завземаат простор и секој ќе го гледа телото на другиот, а сите ќе бидат на триесет и три годишна возраст. Господ ќе ја држи Книгата на Животот и Евангелието, и ние, сами, природно ќе се поделиме на лево и десно, бидејќи сами ќе знаеме дале сме за во рај или за во пекол. Поради тоа, во храмот, на местото каде што седи Владиката, на иконата Христова книгата е отворена и кај иконата не гори кандило, со тоа покажувајќи дека нема да има милост по второто Христово доаѓање, додека на другата икона во која Христос ја држи книгата затворена гори кандило кое симболизира дека уште има милост за нас. - Чувајте се, бидејќи сатаната прави замки, немојте да се смеете, тој е блиску до вас и не можете да го видите, слушајте ме што ви зборувам, не престанувајте да се молите. Тој ги тера луѓето да грешат, па потоа ги плаши и ги наведува да се срамат да се исповедаат. - Оние кои ќе го примаат жигот, нема да најдат мир ниту за миг. Треба да стекнат силна вера, трпение, добрина и праведност. Да не ја изгубиме верата, верата ја праќа Божјата помош. Без молитва пропаѓаме. Не размислувајте за иднината, бидејќи се е во Божји раце. Читајте секој ден по малку од делата на светите отци и Бог ќе ви прати просветлување. Подоцна разумот ќе зајакне. - Молитвата „Господи помилуј“е како меч кој го сече сатаната на пола. - Ние, кутрите, се најдовме во тешки времиња, и монаси и мирјани, но борбата е борба, не престанувај со борба ни за секунда, борбата е до крајот и тогаш, Бог кој наградува и дава нетрулежни венци, а не работи кои се лажни, трулежни и овоземски, тоа ќе те удостои да обитаваш вечно во Царството Божјо, не за илјада години или десет илјади, туку вечно, значи нема крај. - Уште толку поголема да е земјата, односно да има уште толку повеќе жители, Бог може сите да ги прехрани. - Во воскресението на телато немојте да се сомневате. Еве јас имам деведесет години, ова тело треба да иструли во гробот и да излезе ново, вечно, кое не се разболува, не чувстува бол или жед, како ангелско тело, само да не паднеме во грев. Господ сака да му кажеме дека само за Него ќе живееме. Ако останеме во грев нашата казна ќе биде вечна. Таму ситуацијата не може да се смени – мака, бол и пламен. - За некој кој пател од депресија и зборувал дека се уште не се усовршил во верата. Кога вистински ќе поверуваме, кога ќе зборуваме со Христа како што зборуваме со пријател или татко, тогаш и Он ќе разговара со нас, ќе одговара на нашите прашања, или преку некој друг, или во нас, внатре, ќе ни зборува, а ние ќе го разбираме. Бог со еден допир се исправува. - Кога грешиме нашиот Ангел чувар си заминува, се оддалечува и седи загрижен подалеку, но со едно „прости“, речено од длабочината на душата тој се враќа. Едно страшно искуство на старец Амвросиј: „Отидов и го видов пеколот!“ Старецот честопати се будеше околу три часот по полноќ и застануваше на молитва. Така, едно утро кажа дека претходните вечери бил посетен од познати покојници. (т.е. душите на неговите познати кои преминале) и му ги дале своите имиња за да се моли за нив. Еден од нив седел на креветот покрај него и бил толку ладен што старецот после пет часа не можеше да се стопли од големиот студ: „Беше ладен како да беше во замрзнувач“... Тогаш рече дека ќе го моли Бог да му покаже како живеат праведниците, а како оние кои се отидени во пеколот, односно како живеат оние ко што се спасувале, а како оние кои се наоѓале далеку од Божјата благодат. По година дена, со силна и усрдна молитва, Бог го удостоил со таа можност. За време на една средба со свои духовни чеда, по завршувањето на Светата Литургија ги запрашал дали знаат што е тоа пекол. Еден од нив му одговорил: „Старче, знаеме дека пеколот, како што нè учи евангелието, е место каде што одат луѓето кои не го сакале Бога и не ги исполнувале неговите заповеди. Истото тоа ни го говорат и светите отци.“ „Да, но тоа е теоретски“ одговори старецот. „Но јас ќе ви раскажам од своето искуство кое го имав неодамна кога мојот Ангел – чувар ме одведе до вратата на пеколот и видов како живеат таму. Како доказ за тоа, еве, погледнете ја мојата рана на раката. Таа рана ја здобив кога бев на вратата од пеколот. Како пеколниот оган да излезе и да ми ја направи оваа мала изгоретинка за да разберам дека тоа што ми се случува не е лага, ниту привидение, ниту лажно чувство, туку вистинска реалност, која со помош на мојот ангел полесно полесно да ја прифатам и разберам, да поверувам и да ви раскажам.“ Им кажал како ги видел луѓето кои се во пеколот како пливаат во една пламена река. Во разговорот го рекол и следното: „Секој од вас има по еден ангел кој ве следи, но внимавајте деца, ангел имаат само оние кои се крстени. Некрстените немаат ангел – чувар. Ангелот – чувар го добиваме на денот на крштението. Но има и демони близу до вас, тоа да го знаете, да внимавате.“ превод: ѓакон Димитар Арсовски објавено во. „Троичник“ бр. 44 |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |