Екуменизам - Епископ Артемиј Како православниот христијанин (монах или мирјанин) треба да гледа на неправославниот човек (евреј, муслиман, римокатолик, протестант...)? Дали смее православниот да присуствува на неправославен молитвен обред и дали смее молитвено да учествува?
Во едно прашање - многу прашања, а во сите нив - едно прашање. Прашањето кое е наметнато од нашето време, време обременето со теоретски и практичен екуменизам, време кога многу вредности, морални и духовни се доведени под знак прашалник. Некогаш луѓето сакале да ја изградат Вавилонската кула, но по Божја волја се смешале јазиците и народот се расеал. Денес, исто така, многумина сакаат да градат кула на обединето христијанство, но не темелено врз Христос - Вистината, туку како компромис помеѓу вистината и лагата, светлоста и темнината, кои доведоа до поместување на моралните вредности. Екуменизам! Што е тоа? Тоа е измислица на онаа исконска змија (која е „ѓавол и сатана“ (Откр. 12, 9) која на нашите прародители во рајот им предложи да станат богови, но не со помош Божја, туку спротивно, со помош на ѓаволот. Така и денешните екуменисти сакаат да остварат единство со христијаните за кои Христос се молел (Јов. 17, 21), но не во Вистината и преку Вистината, туку со компромис, лажен и лицемерен, не темелејки се на верата што Христос ја откри на луѓето за спасение, туку на релативизација на се, па и на самата Црква. Тој проект го измислија протестантите, а го прифатија сите останати, за жал и многумина од „православните“ пастири (епископи и свештеници) кои преку теорискиот екуменизам (дијалог со неправославните) преминаа и на практичен кој се изразува преку заедничките молитви и богослуженија, а некаде дури и преку зедничкото причестување. Но, тоа не доведе до поставената цел - соединување на „сите цркви“, туку до соблазна и поделба во Едната и Единствена Црква Христова. И во нашето време (како и многупати во црковната историја) се исполнуваат зборовите Христови и вратите на пеколот нема да ја надвладеат (Мат. 16, 18). И навистина, во секоја помесна Православна Црква ги има оние (помеѓу народот и клирот) кои не го прифаќаат отровот на екуменизмот бе з разлика на каков начин е сервиран. Тие се и остануваат Црква Божја, столб и тврдина на вистината. Прашањето е како тие православни христијани (монаси или мирјани) треба да гледаат како на неправославниот човек? Како на свој тешко болен брат по тело (сите сме од Адам), со милост и љубов. Што повеќе братот е болен, толку повеќе треба да ја покажуваме љубовта кон него. Што се однесува на човечките односи и овоземските потреби треба кон сите луѓе да се однесуваме на исти начин. Сите да ги почитуваме, да им помагаме, да покажеме подготвеност ако треба и животот да го положиме за ближниот (секој човек) без разлика на верата или било кој друга разлика својствена за луѓето. Тоа е евангелската наука, тоа е светоотечката наука, тоа е науката на Православната Црква (види ја параболата за Милостивиот Самарјанин Лука, 10, 25-37). Само тогаш вистинскиот православен христијанин постапува како вистински слуга Божји, слуга на Бог кој заповедал Сонцето да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните (Мат. 5,45). Но, кога е во прашање односот на православниот како член на Црквата кон некој кој не е член (дали евреин, незнабожец - атеист, муслиман, римокатолик, протестант или било каков) работите се менуваат од темел. Овде православниот (доколку сака тоа да остане) не смее да ги премине границите на својата вера, да ги посместува меѓите кои ги поставија Отците и да ја меша својата вера со друга, да прави компромиси, да бара некои заеднички точки со инославните заради некоја лажна (минлива, овоземска) цел. Тоа значи дека православен со неправославен не може да има никаков зеднички молитвен обред или некаква молитвена заедница. Тој не може да се моли со нив. За тоа говорат и многу свети канони на Православната Црква. Но може и треба да се молиме за нив. Да се молиме Господ да ги просветли и да ги упати на патот на спасението и да се присоединат кон Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква без која нема спасение. На таа молитва за „неправославните“ треба да се покаже вистинска љубов кон нив. Според светиот отец Јустин Ќелиски само вистинската љубов кон ближниот го осигурува вечниот живот (спасението). Таа љубов Светата Црква ја покажува молејќи се непрестајно во светите молитви „за сите и за се“. Но Црквата нема никаква сила и власт некој да примора на единство со Неа и да стане Нејзин член. Дури и кога би можела тоа нема да го стори, бидејќи тоа би било тиранија а не љубов. На крајот, последното прашање покажува извесна градација. „Смее ли православен само да влезе во неправославно место за молитва?“ Воглавно смее! Но, веднаш се поставува прашањето за причината и намерата: поради што? Дали е во прашање љубопитност, научен пристап на објектот, почитување или молитва? Од намерата и целта неговото влегување добива и морална квалификација. Светиот апостол Павле вели: Сè ми е позволено, но не е сè полезно (1 Кор. 10, 23). Така и „влегувањето“ во неправославен објект самото по себе не е грев и зло, но сепак тоа зависи од нашите намери. Светиот Василиј Велики говори: Не допринесува за слава на Божјото име оној кој се восхитува на неправославно учење“. „Смее ли да се присуствува на неправославен обред?“ Сето она што е кажано за претходното прашање важи и за ова. Нема што да се додаде или одземе. „А смее ли молитвено да се учествува?“ Тоа не смее. Под никакви услови и околности, бидејќи со тоа би се погазиле сите Канони и прописи на Православната Црква и ќе престане да биде нејзин член. Нека овој краток одговор биде макар ена мала стрелка кон патот „кој води во вечниот живот“ зза да не би залутале современите теолози по многубројните патишта кои водат во пропаст. Превод: ѓакон Димитар Арсовски Извор: svetosavlje.org |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |