Децата во Црквата - протоереј Михаил Помазански Секоја христијанска
мајка смета дека едно од нејзините задолженија е да го научи детето на молитва
штом неговата свест почнува да се буди, молитва која е едноставна и лесна за
разбирање. Детската душа треба да биде навикната на усрдно и топло искуство на домашната
молитва покрај креветчето, упатена за своите ближни и семејството. Вечерната
молитва му ја омекнува и смирува душата на детето, ја доживува сладоста на
молитвата и со своето мало срце го прима првиот мирис на светите чувства.
Потешко е за детето да учествува во атмосферата која владее во храмот. Во почетокот тоа само набљудува. Ги гледа луѓето кои се концентрираат, обредите кои не ги разбира и зборовите кои што ги слуша. Меѓутоа, самата свеченост во храмот остава впечаток на детето. Кога двегодишно дете сака да земе учество во во храмот, да пее, да зборува или да прави метании - во тоа можеме да видиме какви чувства го опфатиле. Ова го зборуваме од просто набљудување. Но постои и нешто повеќе од нашето сетилно забележување. Христос е невидливо присутен во храмот, го гледа детето и го благословува, примајќи го во атмосфера исполнета со благодат од Светиот Дух. „Оставете ги децата да доаѓаат при Мене...“ Дали можеме да речеме дека децата во Палестина го разбирале учењето кога седеле покрај Неговите нозе и ја слушале Неговата проповед? Немојте да мислите дека разбирале, евангелистот јасно зборува дека ги донесувале децата за Христос да ги допре. Во денесувањето на малите деца целата била Христос да се допре до нив, а не да ги учи на боженствено знаење. Да се дозволи децата да имаат допир со духовната благодат е една од првите и основни грижи на христијаниот кој се грижи за своите деца и задача на христијанското друштво да води грижа за младината. Ова е вратата кон вистинското православно воспитување. Просветлување, каење и радост се будат во детската свест и претставуваат јасен показател дека и малите христијанчиња ја чувствуваат топлината на боженствениот извор во себе. Дури и ако не чувствува, невидливото делување на благодатта не престанува; ние не ја гледаме, како што не можеме да го видиме делувањето на Сонцето врз нашето здравје. Без оглед на се, често се заборава дека тука лежи клучот за организирање на религиско образование. Колку често, гледајки ја нееднаквоста на религиозното образование, ние бираме програми, ги преработуваме, ја фрламе вината на учебниците и наставниците - а забораваме на важноста на Црквата и нејзината служба; треба да се прашаме самите себе „дали децата одат во храм?“ Како што расте детето треба се подлабоко да навлегува во животот на Црквата. Детскиот ум, умот на младите мора да биде просветлен, да учи од црковните служби; Црквата треба да им дарува знаење за Бог. Прашањето е сложено. Задачата на религиозното образование ќе биде исполнета само кога ќе ги научиме нашите деца да ја љубат Црквата. Една од главните цели е децата сами да ја засакаат Црквата, да присуствуваат во храмот исполнети со пријатно чувство, за да се добие духовна храна. Но, родителите најчесто овде не можат да помогнат, бидејќи и тие самите се нерелигиозни, често се принудени кога размислуваат за своите православни деца, да го препуштат ова дело во рацете на заедницата, училиштето и Црквата. Како што не се плашиме од уништувањето на посветеноста на учењето и книгите, или љубовта кон нашата национална литература и историја, правејќи децата да трчаат на часовите по звукот на училишното ѕвонче, упатувајќи ги во атмосфера на строга дисциплина и принуда, исто така, немаме причина да стравуваме да употребиме одредена количина на принуда по прашање на присуството во храмот, без разлика дали е тоа дел од училишната програма или како израз на самодисциплина. Но сигурно е дека ако ова остане само принуда, ќе дојде до тој степен да се создаде психолошки отпор кај младите луѓе - тоа ќе покаже дека целта не е постигната и дека методот не е практичен. Ајде да ги одведеме децата по наша волја, а потоа да ги оставимед сами да изразат желба и своеволно да останат во храмот. Тоа повеќе ќе го оправда нашето делување. Пак ќе повториме дека не само природните психолошки ефекти се тие кои го завземаат детското место во Црквата, туку тоа е дело на благодатта. Нашата грижа треба да се состои во тоа бебешката душа, душата на детето или младиот човек да не биде затворена, туку да биде слободна: тогаш нема да биде потребен напор, сила или некој друг облик на принудување; таа ќе биде хранета слободно, лесно и радосно. Постои една работа која не смее да биде заборавена, а тоа е дека човечката природа бара минимален степен на активно учество. Во храмот тоа може да биде читањето, пеењето, украсувањето, или некои други посредни активности кои се тесно поврзани со службите. Неоспорно значење има заедничката црковна служба за религиозно подигнување и еден од аргументите кои се во корист на Православното поимање на тајната Крштение: тоа е аргументот во врска со крштевањето на децата уште во најраната доба, како што правиме ние православните. Светата тајна Крштение е врата преку која се влегува во Црквата Христова. Оној кој не е крстен не е член на Христовото семејство и нема право да учествува во животот на ова семејство, во нивното духовно заедничарење и во Господовата трпеза. Со самото тоа, нашите деца би биле лишени од правото да бидат со нас во Црквата, да примаат благослов во името на Света Троица, да учествуваат во Телото и Крвта Христови. Колкаво влијание да имаме врз нив, колку и да ги поучуваме во Евангелието, сепак ние директно ќе ги лишуваме од делувањето на благодатта, во најдобар случај ќе им ја подигнеме жедта за верата, но сепак, сеуште ќе ги држиме далеку од небесната светлина и топлина која слегува во сите Тајни, во сите служби и во сите молитви. Колку грешат оние религии кои го признаваат само крштението на возрасните! Светите девици Вера, Надеж и Љубов, како и младата невеста Перпетуа кои станале маченички, се сведоци дека иако во адолесцентниот период, сепак биле подготвени и за нај активно учество во Христовата Црква. Бебето кое во рацете на својата мајка извикало: „Амвросиј за епископ!“ со својот восклик го одредил изборот на прочуениот Амвросиј Милански за испразнетата епископска катедра - тоа бебе е заштитиник на правата на децата за нивно активно учество во Црквата Христова. Ајде малку да се грижиме за нашите деца: за почеток да им пружиме шанса активно да учествуваат во Црквата, нека бидат свесни дека се членови на Црквата. Нека дојдат децата да ја љубат Црквата! превод: ѓакон Димитар Арсовски извор: orthodoxinfo.com |
Православни линкови
__________________________ Богоподобие на Facebook __________________________ Богоподобие на YouTube _____________________________ Емисија „Православна ризница“ _____________________________ Врати се на Почетна |